Путин предупреди на ризик од нуклеарна војна ако НАТО испрати војници во Украина

February 29, 2024
3 mins read

Рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе ги исполни воените цели на Кремљ во Украина и строго го предупреди Западот да не интервенира подлабоко во борбите, велејќи дека таквиот потег носи „реален“ ризик од глобален нуклеарен конфликт.

Путин го издаде предупредувањето во обраќањето до нацијата пред изборите следниот месец, на кои речиси е сигурна неговата победа.

Повикувајќи се на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон претходно оваа недела дека идното распоредување на западни копнени трупи во Украина не треба да биде „исклучено“, Путин предупреди дека тоа ќе доведе до „трагични“ последици за земјите што ќе се одлучат за тоа.

„Се сеќаваме на судбината на оние кои испратија контингенти од своите војници на територијата на нашата земја. Сега последиците за потенцијалните напаѓачи ќе бидат многу потрагични“, се закани Путин.

Тој исто така рече дека таквото вклучување на Западот ќе ја зголеми можноста за глобална нуклеарна војна.

Путин рече дека Западот треба да има на ум дека Русија има и „оружје што може да погоди цели на нивната територија, и она што тие сега го предлагаат и го плашат светот, сето ова ја зголемува вистинската закана од нуклеарен конфликт што ќе значи уништување на цивилизацијата“.

„Зарем тие не го разбираат тоа“, рече тој, истакнувајќи дека западните лидери си играат со опциите за подлабоко вклучување во конфликтот, како во симулација.

„Овие луѓе не поминаа низ никакви тешки предизвици и заборавија што значи војна“, рече Путин.

Тој нагласи дека руските нуклеарни сили се во „целосна готовност“, велејќи дека војската распоредила моќно ново оружје, од кои некои биле тестирани на бојното поле во Украина.

Рускиот претседател рече дека тоа ја вклучува новата тешка интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“, која стапи во служба на руските нуклеарни сили, заедно со крстосувачката ракета на нуклеарен погон „Буревестник“ и беспилотното летало со нуклеарно вооружување „Посејдон“, кои го завршуваат тестирањето.

Путин, кој зборуваше пред пратениците на двата дома на Парламентот, Државната дума и Советот на Федерацијата, како и други поканети гости, го фокусираше првиот дел од говорот на Западот и обвини дека тој „се обидува да не вовлече во трка во вооружување и се обидува да не истроши“.

Тој ги отфрли изјавите на западните лидери за закана од руски напад врз сојузниците на НАТО во Европа и повторно го отфрли тврдењето на Вашингтон дека Москва размислува да распореди нуклеарно оружје во вселената.

ЕУ – Заканите на Путин се префрлање на одговорноста за војната

Заканите за употреба на нуклеарно оружје упатени од страна на рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето до јавноста се апсолутно неприфатливи и несоодветни, изјави денеска портпаролот на Европската Комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

„Тоа е уште еден од многуте примери како Путин се обидува да ја префрли одговорноста за војната што ја почна во Украина и за нестабилноста што ја предизвика во Украина и во регионот. Тоа е уште една можност за него да ги шири добро познатите лаги и измами“, истакна Стано.

Тој нагласи дека Путин ја започна војната во Украина и затоа тој е одговорен за сите последици од неа и на внатрешен план во Русија, но и во Украина и на глобално ниво.

Според Стано, на денешното обраќање на Путин треба да се гледа во контекст на претстојните претседателски избори во Русија и неговите напори да биде реизбран на функцијата.

„Обраќањето накусо може да се сумира на тоа дека тој го залажува народот, кој живее под железна тупаница како во времето на сталинизмот. Армијата е во катастрофална состојба, економијата е блокирана, кредибилитетот на земјата е целосно уништен и неговите досегашни напори за уништување на Украина се неуспешни“, заклучи Стано.

Во говорот кој во голема мера се фокусираше на економските и социјалните прашања пред, Путин тврдеше дека Русија „го брани својот суверенитет и безбедност и ги штити нашите сонародници“ во Украина, тврдејќи дека руските сили го имаат главниот збор во борбата.

Тој ги поздрави руските војници со едноминутно молчење и им оддаде почит на загинатите во битките.

Рускиот лидер постојано ја сигнализираше својата желба да преговара за прекин на непријателствата, но предупреди дека Русија ќе се задржи на своите придобивки.

Путин зборува пред претседателските избори на 15-17 март, кои Кремљ се надева дека ќе ги искористи како израз на национално единство за поддршка на Путин и инвазијата на Украина

Руските избори се строго контролирани од Кремљ и не се ниту слободни ниту фер, но владата ги смета за неопходни за да се пренесе чувство на легитимност.

Влијанието на Кремљ врз политиката, медиумите, спроведувањето на законот и другите лостови значи дека Путин, кој владее со Русија како претседател или премиер од 1999 година, сигурно ќе победи, со исклучок на евентуален неочекуван развој.

Путин не го спомна Алексеј Навални, популарниот опозициски политичар кој почина пред две недели во затвор на Арктикот под сомнителни околности.

Борис Надеждин, кој зборуваше против војната во Украина, се обиде да се кандидира за претседател, но Централната изборна комисија (ЦИК) ја отфрли неговата кандидатура со објаснување дека премногу од потписите за поддршка што ги поднел не биле правилни.

Инаку ЦИК рутински одбива да регистрира кандидати на опозицијата со изговор дека поднеле недоволен број валидни потписи.

Извор: slobodnaevropa.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грковска со апел до функцинерите: Да прават разлика меѓу партиски и државни активности

Следно

Египет и ОАЕ по воздушен пат доставија хуманитарна помош во Газа

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop