Вработените на пет државни универзитети не добиле зголемување на плата врз основа на Колективниот договор

February 28, 2024
1 min read

Вработените на пет државни универзитети, Тетовскиот, „Мајка Тереза“, „Гоце Делчев“ во Штип, „Св .Климент Охридски“ во Битола и Универзитетот за информатички науки и технологија во Охрид, се револтирани и велат дека се дискриминирани што не добиле зголемување на плата врз основа на Колективниот договор, кој за нив не бил потпишан од страна на екс претседателот на Собранието, Талат Џафери. Џафери го потпишал колективниот договор само со Сојузот на синдикатите на Универзитетот „Св .Кирил и Методиј“, со што се овозможи зголемување на платата за 22%. Од Синдикатот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, за Алсат велат дека заедно со другите синдикати ќе ги искористат сите мерки за да го остварат своето право. Тие  доставија и барање до Владата за средба со техничкиот премиер, најдоцна до сабота.

„Ќе побараме појаснување зошто дојде до ова, зошто не бевме поканети и што понатаму, ќе ги видиме сите механизми, сите правни можност и за нас да важи одлуката како за УКИМ. Беше разговарано да се обратиме до Уставниот суд, за да не опфатат со оваа одлука, потоа до комисијата за антикорупција а најрадикални форми се и протестите, штрајковите, но не би сакале да одиме со ова, поради атмосферата на изборите и да не добие целиот овој проблем политички контекст“, рече Авни Авдиу, претседател на Синдикатот на Универзитетот „Мајка Тереза“.

Синдикатите на петте универзитети бараат потпишување на колективните договори со претседателот на Собранието, Јован Митревски.

Вработените во УКИМ од овој месец ќе добијат повисоки плати во просек за околу 22%, а ретроактивно ќе им биде исплатено и покачување за јануари. Со ова започнува исполнувањето на обврската на државата која произлегува од индивидуалниот колективен договор на оваа високообразовна установа потпишан на 29.12.2022 година.

Мелихате Рустеми

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Совети за посјајни бели чорапи

Следно

Здружението на јавни обвинители реагира по најавените законски измени за платите

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop