Туркије се искачи на третото место според дипломатската моќ, веднаш зад Кина и САД

February 26, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Надворешните иницијативи на Туркије во Африка и на Блискиот Исток вродија со плод, зголемувајќи ја дипломатската моќ на нацијата на трето место на глобално ниво, веднаш зад Кина и Соединетите Американски Држави (САД), јавува Анадолу.

Во својот Индекс за глобална дипломатија за 2024 година, австралискиот институт Лови објави дека како земја со средна сила во подем, Туркије брзо ги проширила своите дипломатски мрежи во „помултиполарен свет“.

Извештајот ги визуелизира дипломатските мрежи на 66 земји и територии во Азија, Групата 20 и Организацијата за економска соработка и развој.

Туркије има 252 дипломатски претставништва низ светот според кои е веднаш зад Кина, која има 274 и САД кои имаат 271 дипломатско претставништво.

„Помеѓу различните форми на национална моќ – економска, воена и технолошка – дипломатијата беше една од најнеброените, а со тоа и честопати занемарени, лостови на влијание“, се вели во извештајот.

Туркије „брзо се издигна и стана трет по големина дипломатски играч во светот во 2023 година, престигнувајќи ги Јапонија и Франција“.

Работејќи со 252 дипломатски претставништва, Анкара постојано ја прошируваше својата мрежа, додавајќи 24 претставништва од 2017 година и 11 од последното издание на овој Индекс во 2021 година, покажуваат објавените податоци.

„Многу од новите претставништва на Туркије беа на Блискиот Исток и Африка, што одразува дипломатско присуство во регионите од интерес за Анкара“, се додава.

Сепак, „Мрежата на Туркије останува високо евроцентрична со 102 (40 %) од нејзините претставништва во странство само во тој регион, засенувајќи ја значителната етничка турска дијаспора во еврозоната“, се вели во извештајот.

За да ги зајакне своите билатерални, како и мултилатералните односи со државите низ Азија, Анкара ја започна Иницијативата нова Азија.

Додека Анкара го одржува дипломатското присуство во Австралија и Нов Зеланд, тоа „отсуствува во Пацификот и има ограничено влијание во регионот на Карибите и Индискиот Океан“, се додава во соопштението.

– Тет-а-тет дипломатија, физичкото присуство е важно –

Институтот Лови истакна дека континуираното продлабочување и проширување на дипломатскиот отпечаток на државите „покажува дека и покрај леснотијата на онлајн поврзувањето, владите низ светот продолжуваат да инвестираат во тет-а-тет дипломатијата и присуство на теренот“.

„Ривалството на големите сили е исто толку распространето во дипломатијата како и во другите полиња, со тоа што САД и Кина доминираат на рангирањето“, се вели во извештајот.

„Прашањата како што се војната на Русија во Украина или економските предизвици во Јужна Африка и Аргентина, исто така, доведоа до пад на мрежите на некои земји“, се додава.

„Другите земји го намалија своето присуство во одредени региони со промена на приоритетите, додека геополитичката конкуренција ги придвижи Пацификот и Азија во фокусот“, се наведува во извештајот.

Тој го истакна влијанието на војната на Украина врз Русија, која затвори 14 свои дипломатски претставништва во странство од февруари 2022 година, „во голема мера како резултат на влошените односи или дипломатските протерувања“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европејците се’ помалку сакаат да работат, државите се обидуваат да ги мотивираат

Следно

Поповски, Димитров и Пендаровски за починатиот претседател Борис Трајковски

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Геополитичката нестабилност бара постојана адаптација на економските политики

Балансот помеѓу фискалната консолидација, обезбедување економски раст и спроведување мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на економијата се клучни во услови на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност. Ова го

Димитровски: Битола добива нова инфраструктура и модерни спортски капацитети

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, истакна дека во првите шест месеци од новиот мандат на градоначалникот Тони Коњановски, општината се фокусирала на реализација на ветените проекти, за кои била обезбедена значителна

Проданоски: Херојството од „Диво Насеље“ никогаш нема да биде заборавено

Со длабока почит денеска беше положено свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Ненад Серафимоски, најмладиот припадник на специјалната антитерористичка единица „Тигри“, кој на 9 мај 2015 година го загуби животот во настаните кај

Средношколец од Прилеп 4 години лажно се претставувал како наставник

Прилепската полиција поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат“. Пријавениот, лажно претставувајќи се како наставник по англиски јазик во
Go toTop