СУЛЕЈМАНИЈЕ (АА)
Додека партијата на Патриотска унија на Курдистан (ПУК) во Сулејманије во Ирак отвора простор за терористичката организација ПКК/ЈПГ во центарот на градот и во руралните подрачја, оваа терористичка организација со своите акции со блокада на патиштата, изнудување, киднапирање и други терористички практики ги загрозува стабилноста, безбедноста и економскиот развој на регионот, известува Анадолу.
Според информациите до кои дојде новинарот на Анадолу, ПУК продолжува да отвора простор за терористичката организација ПКК во Сулејманије и неговата околина.
Според изјавата што ја даде Масрур Барзани, премиер на Регионалната влада на ирачките Курди (КРГ), во февруари 2021 година, обновата на 800 села не можела да се заврши поради терористичката организација што ги окупирала планините и населените подрачја во регионот, а терористите на ПКК, исто така, ги спречуваат земјоделците да пристапат до својата земја.
Терористичката организација ПКК е присутна во Сулејманије и нејзината околина со своите т.н. политички партии и екстензии, а се занимава и со трговија на дрога и шверцување на различни точки меѓу иранската и ирачката граница.
Во центарот на градот Сулејманије дејствуваат т.н. политички партии и невладини организации на терористичката организација ПКК, како што се Тевгера Азади, ПЈД, РЖАК и Курдската женска истражувачко-архивска библиотека и академски центар.
Терористичката организација ПКК воспостави и т.н. контролни пунктови во руралните подрачја на Сулејманије, а во исто време оневозможува јавен превоз, изнудува данок од граѓаните и киднапира цивили.
Партијата ПУК на терористите на ПКК наводно им издава и лични карти што ги користи антитерористичката единица, со што на терористите им е овозможен одреден степен на слобода во регионот.
Покровителството на ПУК служи како стратегиски мост во врската меѓу раководството на терористичката структура на ПКК на планината Кандил на ирачко-иранската граница и нејзиниот огранок во Сирија.
ПУК им дава воена обука на припадниците на терористичката организација ПКК што доаѓаат од Северна Сирија, а подрачјето на Сулејманије се користи како траса за групи шиитски милиции што преминуваат во Сирија.
– Падот на хеликоптерот во Доха ја открива соработката на ПУК со ПКК
Обемот на соработката на ПУК и терористичката организација ПКК јасно е видлив со деветтемина терористи на ПКК што биле во двата хеликоптера што се урнаа во Доха на 15 март 2023 година, а лидерот на ПУК, Бафел Талабани, на 22 март на нивниот погреб во Сирија го прати Вапах Халаб, познат како командант на антитерористичките сили.
Има многу снимки што откриваат дека лидерот на терористите на ПКК/ЈПГ, Ферхат Абди Шахин, со кодно име Мазлум Абди, повеќепати го посетувал Сулејманије, како и снимки на кои лидерот на ПУК, Бафел Талабани, дава порака на „единство“ во гнездата на терористичката организација ПКК/ЈПГ во северниот дел на Сирија.
Бафел Талабани ги повика лидерите на терористичката организација ПКК/ЈОГ, Џемил Бајик и Ферхат Абди Шахин, на состанок што го одржа со курдските политички партии во округот Докан во Сулејманије на 23 октомври 2022 година. На состанокот се прочитани пораките што ги пратиле терористите. Тоа беше уште еден пример што ја откри соработката на ПУК со ПКК.
Додека ПУК бара меѓународен легитимитет за својата соработка со терористите на ПКК под плаштот „заедничка борба против ДЕАШ“, терористичката организација ПКК продолжува да ги користи можностите што ѝ ги дава ПУК за праќање оружје и логистика од аеродромот Сулејманије во северниот дел на Сирија.
– Терористички акции на ПКК во Сулејманије
Терористите на ПКК вршат и терористички дела, како што се палење згради на политички партии во Сулејманије и околината, која е под власт на ПУК.
Во демонстрациите одржани во јануари 2020 година терористите на ПКК ја уништија зградата на ПУК, Движењето Горан, КДП, Заедница на правда, Јекгирт (Партија на исламско единство) и државната библиотека, банка, сообраќајна дирекција и голем број други јавни објекти во Сулејманије.
Во локалните медиуми е објавено и дека терористите на ПКК во периодот од 8 до 20 јули 2021 година планирале да заземат многу точки во регионот.
Единицата што ја формираше терористичката организација ПКК под име „Млади жени воини и патриотска младина“ ја изведе својата прва акција со палење полиња во регионот Ранја во Сулејманије на 16 август 2023 година.
Локалната активистка Ранја Гејлани рече дека терористичката организација ПКК со новата единица сака да внесе хаос и војна во регионот и предупреди дека треба да се спречи терористичката структура што ја загрозува безбедноста во Северен Ирак.
Дилсад Решид Мела, член на Генералниот извршен одбор на Движењето Горан, рече дека терористите од регионите Кандил, Гармијан и Сулејманије учествувале во структурирањето на единицата формирана од страна на терористичката организација ПКК на 2 август 2023 година под името „Сили за самоодбрана на Курдистан“.
Решид Мела со терористичките активности на оваа единица ги поврзува атентатот на командантот на Пешмерге Мирза, што се случи во Заху на 23 јули 2023 година и убиството на Осман Ќосе, дипломат во Генералниот конзулат на Туркије во Ербил.
Според изјавата што ја даде директорот на Курдистанска демократска партија (КДП), Духок Али Авни, во август 2023 година, во блиска иднина терористичката организација ПКК би можела да почне да воспоставува безбедносни пунктови во Сулејманије и да бара лични карти од раководителите на ПУК и други официјални претставници на политичките партии.
Според изјавата на Авни, терористите на ПКК, кои зад себе отворија простор во подрачјата на Ранја и Каладизе во Сулејманије, исто така, дејствуваат и во региони, како што се Агџалар и Ахмедав.
– Присуство на терористичката организација ПКК во регионот ја поткопува економијата на Сулејманије
Откако терористичката организација ПКК себеси си отвори подрачје на дејствување во Сулејманије, одлуката на Туркије да го затвори својот воздушен простор за летови од регионот имаше негативно влијание врз регионалната економија.
Аеродромот Сулејманије, во кој се вработени илјадници луѓе и управува со летовите на 12 авиокомпании, во моментов ја изгуби „меѓународна“ квалификација поради турската забрана на воздушниот простор.
Поради губењето на функцијата на аеродромот во Сулејманије, околу 200 компании го сведоа својот бизнис на минимум, а голем број од нив се пред банкрот. Граѓаните во регионот и понатаму одат на аеродромот Ербил за меѓународни летови.
Извор: Anadolu Agency (AA)