„Децениската израелска окупација на палестинските земји е нелегална и нехумана“

February 22, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Јордан денес на сослушувањето пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) ја нарече децениската израелска окупација на палестинските земји „нелегална“ и „нехумана“, јавува Анадолу.

„Стојам пред вас денес додека се појавуваат крвавите и нехуманите зла на израелската окупација. Палестинците во Газа умираат поради израелската агресија и умираат од глад поради загубата на храна и лекови, кои Израел продолжува да ги спречува во Газа, кршејќи го меѓународното хуманитарно право, спротивно на мерките на вашиот суд“, изјави министерот за надворешни работи Ајман Сафади пред судот во Хаг.

„Нема зборови со кои може да се опише варварството на израелската агресија во Појасот Газа“, рече Сафади.

Тој додаде дека половина милион Палестинци во Газа умираат од глад.

Шефот на јорданската дипломатија го обвини Израел дека не го почитува меѓународното право.

„Ниедна земја не треба да биде над законот. Но на Израел не му е гајле и дозволено му е да не се грижи за меѓународното право. Оваа ситуација не може да продолжи. Израелската окупација е нелегална. Таа е нехумана. Мора да заврши“, нагласи Сафади.

Јавните сослушувања започнаа во понеделникот во Хаг по барање на Генералното собрание на Обединетите нации за советодавно мислење за правните последици што произлегуваат од политиката и практиките на Израел на окупираните палестински територии.

Јужноафриканската Република на крајот на декември поднесе тужба до МСП, обвинувајќи го Израел за геноцид во Појасот Газа и побара од судот итни мерки.

Судот во Хаг во јануари му нареди на Израел да ги преземе сите мерки што се во негова моќ за да спречи акти на геноцид во Појасот Газа, но не нареди прекин на огнот.

Исто така, му нареди на Израел да преземе итни и ефективни мерки за да овозможи испорака на итно потребните основни услуги и хуманитарна помош за Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанија ја зајакнува кибер безбедноста

Следно

Продолжуваат блокадите на границите и градовите од земјоделците од централна и источна Европа

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ
Go toTop