НАСА бара доброволци да се преправаат дека се на Марс

February 20, 2024
1 min read

Вселенската агенција бара четворица волонтери кои ќе поминат една година живеејќи на Марс – поточно во  3Д-отпечатена реплика на дел од Црвената планета.

Изолацијата е загарантирана.

Овој потфат во вселенскиот центар Џонсон во Хјустон, е дел од програмата на НАСА, Chapea (crew health and performance exploration analog), која е дизајнирана да помогне во развојот и проценката на системите што ќе ги користат првата генерација астронаути при посетата на Марс, мисија амбициозно планирана после 2030-тата година.

Волонтерите ќе живеат во живеалиште од 1.700 квадратни метри наречено Марс Дина Алфа, кое ќе ги симулира предизвиците на мисијата на Марс, „вклучувајќи ограничени ресурси, дефекти на опремата, доцнење во комуникацијата и други стресови“.

Лажниот екипаж ќе презема симулирани вселенски прошетки, роботски операции, одржување на живеалиштата и одгледување земјоделски култури во компјутерски генерираната реконструкција на површината на Марс.

„Апликантите треба да имаат силна желба за уникатни авантури и интерес да придонесат во работата на НАСА за подготовки за првото човечко патување до Марс“, велат од агенцијата.

Ќе имало парична компензација за волонтерите, ама не кажуваат колку.

Таман да заклучиме дека не сме ние за тоа, случајно налетавме на пар слики од овдешната реалност…

… и фативме да ја пополнуваме апликацијата.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата го утврди текстот за измени на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство со цел зголемена заштита

Следно

Фудбалерите на Баерн се креваат против Тухел

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop