Смртта на Навални ја покажа слабоста на Путин

February 20, 2024
2 mins read

Следниот месец има претседателски избори, но никој сериозно не се сомнева во исходот. По 24 години на власт, Владимир Путин речиси сигурно уште еднаш ќе биде крунисан за претседател на Русија. На единствениот официјален предизвикувач, неефикасниот антивоен кандидат Борис Надеждин, веќе му е забрането да се најде на гласачкото ливче а Алексеј Навални, веројатно најистакнатиот од домашните политички противници на Путин, беше пронајден мртов во затворска колонија во арктичкиот регион Јамало-Ненец во Русија. Неговата вдовица ја обвини руската влада дека го отрула со нервниот агенс новичок, кој важи за „потпис“ на ФСБ, наследничката на КГБ.

Смртта на Навални е значајна. За многумина таа претставува крај на политичкото несогласување во Русија. Постои речиси фаталистички став дека сега е невозможно политички да се предизвика Путин. Таков песимизам е разбирлив. Последните години, постоеше значително задушување на политичкиот протест и активизам. Ова само се засили од почетокот на војната во Украина. Многу од погласните противници на режимот на Путин, кои претходно беа толерирани до одреден степен, сега се осудени на долги затворски казни.

На прв поглед, строгиот авторитаризам на Путин изгледа непотребен. Тој не се соочува со никаков сериозен предизвик за неговото владеење. Мешавина од страв, фатализам и апатија одамна го има зафатено рускиот јавен живот и милиони луѓе дигаат раце од политиката повлекувајќи се во нивните приватни живеачки. Воспоставен е и  одреден степен на патриотски консензус околу продолжувањето на војната во Украина, при што истражувањата постојано покажуваат високи нивоа на поддршка за инвазијата.

Меѓутоа, ако копате малку подлабоко, причините за бескомпромисниот авторитаризам на Путин стануваат јасни. Да, тој ја контролира репресивната машинерија на државата, доминира со медиумите и ја контролира руската олигархија. Но, по речиси четврт век на власт, Путин нема легитимитет, а со тоа и вистински авторитет.

Токму затоа што го чувствува сопствениот недостаток на авторитет, тој е толку чувствителен на секоја манифестација на несогласување. Ова беше илустрирано минатото лето кога Евгениј Пригожин, водачот на платеничката група Вагнер, го започна она полу-востание. Пригожин дури директно и не му пркосеше на Путин. Тој инсистираше дека го предизвика килавото воено раководство на Русија, кое го обвини за смртта на илјадници војници во Украина. Сепак, со јавно доведување во прашање на началниците на руската армија, Пригожин го доведуваше во прашање и авторитетот на Путин. Самиот факт што Пригожин можеше да ја преземе контролата врз некои воени објекти со толку мал отпор, покажа дека на Путин му недостига лојалност и наклонетост од униформите.

Пригожин отстапи за само неколку часа но цената ја плати неколку месеци подоцна. Авионската несреќа во која загина требаше да го потсети рускиот народ дека Путин нема да толерира никаков предизвик за неговото владеење.

Стравот не е доволен за да се одржи режим. Навални го знаеше ова. Тој веруваше дека преку активизам, неговата порака „да не се плашиш од ништо“, може да ги инспирира другите. Знаеше дека несогласувањето бара храброст и дека, порано или подоцна, рускиот народ ќе надвладее над авторитаризмот на Путин. Навални беше убеден дека само прашање на време е кога Русите ќе го најдат својот глас.

Во документарниот филм од 2022 година, Навални беше прашан што би значела неговата смрт. Одговори „Ако решат да ме убијат, тоа значи дека сме неверојатно силни.“

Алексеј Навални знаеше дека потпирањето на руската држава на  елиминација на противници е знак на нејзината слабост. Само времето ќе покаже дали таквите чинови на голема индивидуална храброст се доволни за сериозно оспорување на режимот на Путин.

Френк Фуреди

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Исчезна 16-годишна девојка од Скопско

Следно

СЕ ОГЛАСИ СЕВЕРИНА: Имаше што да му порача на поранешниот, на судот и на цела Хрватска, од овие зборови се тресе Балканот

Latest from Blog

Меџити: Ахмети ја загуби битката поради две стратегиски грешки

Скопје, 5 ноември – Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, во емисијата „Дебат во Шења“, истакна дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети, направил две стратегиски грешки на локалните избори. „Првата е што шест-седум

Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

По повод 5 Ноември, Светскиот ден на ромскиот јазик, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска прими претставници на Ромите: средношколци од Скопје, медиумски и просветни работници, како и поети. Соговорниците постигнаа консензус за потребата

Околу српскиот парламент распоредени полициски сили: Собири на приврзаници на власта и поддржувачи на мајка која штрајкува со глад (ВИДЕО)

Поддржувачи на српските власти се собираат попладнево во близина на српскиот парламент и во Пионирски парк, место што спроти Собранието, а се одделени со ограда и голем кордон полиција во опрема за

Од дијалог до акција: Западен Балкан со заложба за унапредување на квалитетот на образованието

Во Скопје денеска се одржал регионален стратешки дијалог „Од податоци кон дејствување: Креирање заеднички решенија за квалитетно образование во Западен Балкан“, организиран од УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија во соработка со
Go toTop