Алонсо е во списокот на Мерцедес за замена на Хамилтон

February 19, 2024
1 min read

Фернандо Алонсо е на списокот на возачи на Мерцедес од кои треба да избере наследник на седум кратниот светски шампион, Луис Хамилтон. Според Ендрју Бенсон од Би-Би-Си, Алонсо е на листата и е вистински кандидат за местото на Луис.

Хамилтон ги изненади сите во светот на Формула 1 кога претходно овој месец објави дека ќе го напушти Мерцедес на крајот на 2024 година и дека ќе биде возач на Ферари од 2025 година.

– Знам дека Алонсо е на таа листа, тоа е факт. Ова е неверојатно, со оглед на тоа што им се случи на Мерцедес и Алонсо во 2007 година за време на скандалот „спајгејт“ и се веруваше дека Мерцедес не сака да има ништо со него. Но, сега Мерцедес има нов извршен директор и откако Хамилтон очигледно си заминува, зошто да не се обиде да ја пополни празнината со Алонсо?, објасни Бенсон во поткастот „Чекерд флег“ на Би-Би-Си.

Алонсо веќе изјави дека негов приоритет ќе биде да остане во Астон Мартин до 2025 година доколку одлучи да продолжи да се трка по крајот на 2024 година.

– Претпоставувам дека сум привлечен за другите тимови. Тоа е поради мојот настап минатата сезона, а и на стартниот грид ќе има само тројца светски шампиони и еден од нив е под договор до крајот на 2024 година, изјави Шпанецот неодамна.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривично ќе одговара оној кој најави дека Скопје ќе го остави без јавен превоз, вели Арсовска

Следно

САЊА КУЖЕТ СЕ ПРОСТИ ОД „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“: Одиме кон нови победи, еве која водителка ќе ја замени во музичкото шоу (ФОТО)

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop