Белата куќа го обвини американскиот Конгрес за руското заземање на Авдивка

February 18, 2024
1 min read

Префрлањето на Авдивка под контрола на руските сили е цената за непостапувањето на Конгресот, изјави денеска портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адриен Вотсон и го повика Претставничкиот дом веднаш да го одобри барањето за дополнителни финансирања за Киев.

„Ова е цената на неактивноста на Конгресот. Украинците продолжуваат храбро да се борат, но нивните залихи на оружје се намалуваат. Од витално значење е Претставничкиот дом брзо да го одобри барањето за дополнително финансирање за Украина, за да можеме да им обезбедиме артилериска муниција и друга критична опрема што им е потребна за заштита на нивната земја“, рече Вотсон.

Украинските војници се повлекоа од разурнатиот источен град Авдивка.

Американскиот претседател, Џо Бајден, претходно оваа недела предупреди дека Авдивка може да падне во рацете на руските сили поради недостиг на муниција по неколкумесечното републиканско противење на новиот пакет американска воена помош за Киев.

Претходно, за време на говорот на Минхенската безбедносна конференција, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека повлекувањето на украинските вооружени сили од Авдивка е резултат на недоволната помош од Западот и недостигот на муниција.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претежно сончево, облачно само во северните и источните делови од земјава

Следно

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид е лош проект, но враќање назад нема

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop