Изградбата на автопатот Кичево – Охрид е лош проект, но враќање назад нема

1 min read

Господине Рустеми. Изградбата на автопатот Кичево – Охрид е нешто што со години се провлекува. Како директор на Јавното пртпријатие за државни патишта (ЈПДП) чуствувате ли одговорност што веќе десетта година се градат 57 километри автопат?

Ова е типичен пример како не треба да влеземе во реализација на еден проект кој е лош.

Зошто не го променивте целосно?

Ги разгледувавме сите можности, но кога ќе дојдеш на 80% реализација на проект, веќе не можеш да се вратиш назад. Веќе сега треба да гледаме како да го завршиме овој проект. Сега на пример имаме 13 нови свлечишта. И кога имаш толку свлечишта на оние места каде беа и по два пати проектирани и два пати изградени, и по трет пат ти се појавуваат уште 13 нови свлечишта, јас како директор ЈПДП имам и правна одговорност. За тоа ќе ангажираме сега надворешен експерт кој ќе треба да најде техничко решение за целосно стабилизирање на тие косини, бидејќи ние кога ќе пуштиме еден пат за сообраќај тој треба да е максимално безбеден.

До сега само 1км од овој пат чини 10,5 милиони евра. До каде ќе стигне цената на чинење, колку е реална оваа цена за еден километар?

Кога зборуваме за реализација, јас реков дека ова е типичен пример како не треба да влезеш да реализираш еден лош проект.

Да, но вие сте дел од извршната власт веќе долго време. Не може да се изземе дека не сте учествувале во целата оваа приказна?

Сега кога зборуваме дека сме на власт, јас морам да зборувам за позицијата која ја имам тука а таа започна од 2020 година. Јас бев и пратеник во Собранието, ама кога си пратеник не ги имаш пред себе сите овие детали кои ги има еден директор на ЈПДП.

Како јавноста повторно да го прифати објаснувањето дека постојано има нови свлечишта, дека постојано се случува нешто лошо, излегуваат некакви проблеми таму на терен. А никој не презема ништо за да се санира ова, побрзо?

Значи не можеме да кажеме дека ништо не преземаме, ние ги преземаме сите можни мерки за што побргу да се санира тој проект. За тоа ви реков дека ова не го кажувам јас како директор на ЈПДП, туку тоа го кажуваат експертите и го кажува Државниот завод за ревизија, дека кога имаш таков лош проект и кога влегуваш на таква реализација, не можеме да се повлечеме туку мора да го завршиме. И уште една новина да ви кажам за овој проект, сега е проектиран за брзина на возење со 100 км/час. Значи ние треба да реализираме каде имаме автопат брзината ќе биде 100 км/час.

Повеќе од интервјуто со директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми можете да погледнете во видеото погоре

Извор: Радио Слободна Европа

Претходно

Белата куќа го обвини американскиот Конгрес за руското заземање на Авдивка

Следно

Бела куќа: Украинското повлекување од Авдијивка е доказ за неактивноста на Конгресот

Latest from Blog