Сквадронот за обука и тренинг на Армијата прерасна во официјален НАТО Центар за обука на воени пилоти

January 30, 2023
1 min read

Армискиот Сквадрон за обука и тренинг, попознат како Центар за обука на пилоти, од денеска се приклучи на центрите за обука на пилоти во Чешка и во Италија, како официјален НАТО центар кој е дел од структурата за летачка обука на Алијансата во Европа.

Како што информираат од Министеството за одбрана, со приклучувањето на овој Центар во НАТО структурата за летачка обука во Европа се потврди и фактот дека тој функционира согласно највисоките стандарди на Алијансата во доменот на обуката на пилоти на хеликоптери.

– Истовремено со Центарот за обука на пилоти во Северна Македонија, дел од оваа НАТО структура станаа и два тренинг кампуса во Грција и во Унгарија, се наведува во соопштението.

Северна Македонија, како што е наведено во соопштението од МО, беше една од десетте сојузнички земји, која заедно со Белгија, Чешка, Грција, Унгарија, Италија, Црна Гора, Романија, Шпанија и Туркије ја лансираа иницијативата за создавање на НАТО структура за летачка обука во Европа, со што се потврди и посветеноста на нашата земја за придонес кон зацврстување на колективната одбрана и безбедност.

Целта на НАТО структура за летачка обука во Европа е изградба на комплетна пилотска тренинг – архитектура во Европа која ќе даде можност за сеопфатна обука на пилоти на борбени авиони, хеликоптери и дронови за потребите на Алијансата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Украина го обвини МОК дека ja промовира руската војна против Украина

Следно

Загина копилотот по падот на авионот на грчката воена морнарица

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Бесплатен летен одмор во Охрид за 140 деца од Кисела Вода

2 На 19 август 2025 година, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски организираше бесплатна летна екскурзија за 140 ученици од општина Кисела Вода. Учениците, кои се дел од општинските спортски таленти, беа испратени на летен

Омерагиќ: Нема повеќе котизација, парите остануваат кај клубовите

Клубовите од Втората македонска фудбалска лига од оваа сезона ќе се натпреваруваат без обврска за плаќање котизација, соопшти претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ. „Со оваа одлука правиме значаен чекор

Татко ги заборавил двете ќерки на одморалиште на автопат – минал 100 километри, и потоа добил повик…

Разведен татко од Франција, кој бил на одмор во Италија, се соочил со неверојатна случка. Неговиот одмор за малку ќе се претворел во „пекол“ откако додека се враќал дома, увидел дека на
Go toTop