Газа: Дали Египет ќе ја отвори границата за Палестинците?

February 17, 2024
1 min read

Додека израелската воена операција предизвикува се’ повеќе жртви во претрупаниот град Рафах, во близина на египетската граница, Египет е под засилен притисок да ги прифати раселените Палестинци.

За многу луѓе во Египет, тајмингот е премногу сомнителен.

Минатата недела, израелската војска соопшти дека ќе изврши копнена офанзива во градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, во близина на египетската граница, каде што се засолнети повеќе од 1 милион раселени Палестинци.  Постои загриженост оти, додека сѐ повеќе луѓе се притиснати кон границата кон Египет, плановите формулирани од израелските тинк-тенкови и протечени во медиумите претходно во тековниот конфликт се сѐ поблиску да станат реалност. Институтот за национална безбедност и ционистичка стратегија Мисгав објави документ во кој се вели дека конфликтот е „уникатна и ретка можност за евакуација на целиот Појас Газа“.

Овој план, за кој известуваа медиумите, е нешто што египетската влада решително го отфрли , плашејќи се дека на Палестинците што ќе заминат никогаш нема да им биде дозволено да се вратат. Организациите за човекови права го означија таквиот можен „присилен трансфер“  на население како воено злосторство.

Во исто време, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) наскоро ќе донесе одлука дали Египет ќе добие продолжен заем – некаде меѓу 6 милијарди долари (5,6 милијарди евра) и 12 милијарди долари – за да ја поддржи својата лошо задолжена економија и сопствената валута./DW

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанските опозициски партии ќе потпишат Декларацијата за обединување

Следно

Блинкен и Ванг Ји се сретнаа на маргините на Минхенската безбедносна конференција

Latest from Blog

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос

Николоски: Македонија домаќин на светската градежна научна елита

Македонија е домаќин на Eurock 2026, престижен меѓународен собир на градежната научна јавност, на кој учествуваат неколку стотици професори и експерти од целиот свет. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар
Go toTop