Израелската армија уништи делови од ѕидот на зградата на Црвен крст

February 14, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската армија денес уништи делови од ѕидот на зградата во која се наоѓа Меѓународниот комитет на Црвениот крст пред да се повлече од западниот дел на градот Газа, јавува Анадолу.

„Гаѓањето предизвика значителна штета на просторијата за обезбедување и предниот двор на штабот“, изјавија очевидци за Анадолу.

За овој случај засега нема коментари од претставници на Црвениот крст и израелската армија.

Од прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври, при што загинаа околу 1.200 луѓе, во израелската офанзива врз Газа загинаа повеќе од 28.000 луѓе и се предизвика масовно уништување и недостиг на неопходни работи.

Според Обединетите нации, израелската војна против Газа принуди 85 отсто од населението на територијата внатрешно да се раселат поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Асоцијациите на превозници бараат приоритет за издавање документи

Следно

Прва жртва на неодамна откриениот вирус – „Алјаска сипаници“

Latest from Blog

По разорниот земјотрес, нова трагедија во Филипини- свлечиште однесе десетина животи (ФОТО)

Еден маж е спасен од урнатините и однесен во болница со сериозни повреди, додека најмалку 115 семејства се евакуирани, соопшти локалната Канцеларија за намалување на ризиците од катастрофи и управување со вонредни

Мецола: Статус кво состојбата ја оддалечува Македонија од Европа

Претседателката на Европскиот парламент порача дека проширувањето е добивка и за Унијата и за земјите кандидати, предупредувајќи дека бесконечното чекање создава разочарување и ја поткопува довербата во европската идеја. Пораката на Мецола

Полувреме: Руиз и Де Кетеларе за 1:1! Имаше ли пенал за Шпанија? Тилеманс се повреди на загревање (ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија – Белгија 1:1 по првото полувреме на 1/4 финалниот меч во Лос Анџелес. Спектакуларен настап на “Фуријата“ која диктираше, имаше шанси и зицери а поведе со голот на Руиз во

Израелците ликвидираа командант на единицата Нухба, елитен одред на Хамас (Вознемирувачко видео)

Израелците соопштија дека командантот на елитната единица Нухба на Хамас, Јахја Саид Мохамед Хамдан, бил убиен во нападот, објави „Тајмс оф Израел“. Според ИДФ, Хамдан учествувал во нападот врз базата Реим, каде што
Go toTop