Асоцијациите на превозници бараат приоритет за издавање документи

February 14, 2024
1 min read

Асоцијаците на превозници во патниот сообраќај „МАКАМ-ТРАНС“ и  „Превозник“ упатија допис со барање за овозможување приоритет за издавање на сите потребни документи на превозните трговски друштва до Министерство за внатрешни работи и допис за поддршка до Министерство за транспорт и врски, а поради стапувањето во сила на одредбите од Договорот од Преспа.

Како што истакнуваат, на професионалните возачи, работните активности им зависат токму од овие документи и затоа се обраќаат за помош и поддршка со цел избегнување на застојот во вршење на превозот на стока.

– Во однос на пасошите и возачките дозволи, се работи за поднесени барања од страна на физички лица кои за да се препознаат во масата на доставени барања треба да се овозможи преку асоцијациите и разните здружувања да се достават пишани списоци со податоци за истите, како би се овозможило полесно пронаоѓање и изработка на истите, велат асоцијациите на превозниците.

Додека, во однос на процедурите кои се пропишани за добивање на налепници и нови сообраќајни дозволи, како што дополнуваат, потребно е да се овозможи на сите кои вршат комерцијален превоз (превоз на стока и патници) истите да ги добиваат наеднаш за сите возила кои ги имаат во сопственост, а врз база на копии од сообраќајните дозволи да им се издадат нави со променет назив на државата.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски: Премиерот Курти може да биде политичка поддршка кому сака

Следно

Израелската армија уништи делови од ѕидот на зградата на Црвен крст

Latest from Blog

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата
Go toTop