Разговори и апели за крај на војната во Газа

February 13, 2024
1 min read

Нов обид за ставање крај на војната во Газа Соединетите американски држави прават се поголем притисок врз израелската влада да запре со нападите врз палестринците кои останаа заглавени во енклавата.

Од Белата куќа денеска уште еднаш порачаа дека нема да поддржат воени операции во Рафах без претходно да се направи план за евакуација на огромниот број бегалци кои се наоѓаат таму.

„Многу луѓе таму беа раселени, раселени повеќепати бегајќи од насилството на север и сега се во Рафах, изложени и ранливи. Тие треба да бидат заштитени. Клучните елементи на договорот се на маса.“ – изјави Бајден.

Директорот на Централна разузнавачка агенција Вилијам Брнс денеска ќе оди во Каиро, на нова рунда преговори за прекин на огнот..Разговорите се водат со посредство на Катар, а ќе се бара прекин на борбите во замена за ослободување на заложниците што ги држи Хамас.

Предупредување до Израел да не ја почнува планираната офанзива испратија голем број на држави и меѓународни организации. Од британската влада побараа Израел да размисли пред да почне нови напади додека пак саудискиот престолонаследник, предупреди дека ќе има сериозни последици доколку Рафах биде нападнат.

Еврокомесарот за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, ги повика сојузниците на Израел да престанат да испраќаат оружје.

„Ако мислите дека се убиени премногу луѓе, можеби треба да обезбедите помалку оружје за да спречите толку многу да бидат убиени. Дали (тоа) не е логично? Колку пати сте слушнале како најистакнатите лидери и министри за надворешни работи ширум светот велат дека се убиени премногу луѓе.“ – изјави Борел.

Но, и покрај апелите за прекин на огнот, израелската влада, планира копнена офанзива врз Рафах, кој е под жестоки воздушни напади на израелските сили и каде веќе се регистрирани голем број жртви.

Хамас спречува безбедно движење. Нашата посветеност на животите на цивилите во Газа е поголема од онаа на Хамас. Повиците за ограничување на одбраната на Израел само го зајакнуваат Хамас. Бидете уверени, Израел е решен во својата мисија да го уништи Хамас.“ – изјави Израел Кац министер за надворешни работи на Израел.

Израелската армија објави дека убила десетици борци на Хамас во претходните 24 часа – најмногу во Кан Јунис, каде во моментов се водат најголем дел од борбите. Додека продолжуваат борбите на југот на Појасот, десетина оперативци на Хамас биле елиминирани и во центарот на Газа.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Американскиот Сенат го одобри пакетот помош за Украина

Следно

Камен – темелник за изградба на обиколница на Тетово

Latest from Blog

Расел Кроу откри зошто никогаш нема да се ожени за 28 години помладата партнерка (ВИДЕО)

Во отворен разговор за емисијата 60 минути, актерот откри дека нема планови да се ожени со неговата партнерка– ниту сега, ниту во иднина. „Зошто да ја расипам среќата со брак?“ Кога водителот

Отишол во болница со страшни болки- докторите се шокирале кога виделе што има во телото

Необичната приказна се случила на 19 октомври, откако неименуван 48-годишен менаџер со големи болки бил итно однесен во медицинска установа. Тој призна сè Според извештаите на докторите, човекот признал дека самиот го

Вучиќ: БРКАМЕ ДВАЈЦА СНАЈПЕРИСТИ ЗА КОИ ЗНАЕМЕ ДЕКА СЕ ВО БЕЛГРАД, знаеме зошто и кој ги плаќа

Гостувајќи во емисијата „Чирилица“ на ТВ Прва, Александар Вучиќ објави дека од безбедносните служби дознал дека во Белград моментално има двајца снајперисти, на чие апсење службите моментално работат. „Во моментов бркаме двајца

Израел се движи кон смртна казна за тероризам

Комитетот за национална безбедност на израелскиот парламент во понеделник гласаше за закон со кој се воведува смртна казна за сторители на „терористички напади“, мерка предложена од крајно десничарската партија на министерот за
Go toTop