Во израелските напади врз Појасот Газа во последните 24 часа се убиени 164 Палестинци

February 12, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 164 Палестинци се убиени во последните 24 часа, а Израел продолжува да врши напади врз опколениот Појас Газа, соопшти денес Министерството за здравство во таа палестинска енклава, пренесува Анадолу.

Во соопштението се наведува дека „израелските окупатори масакрираа 19 семејства“ во изминатите 24 часа, убивајќи 164 Палестинци и ранувајќи 200.

„Многу луѓе сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се вели во соопштението.

Иако поминаа две недели откако Меѓународниот суд на правдата (МСП) издаде привремена забрана против Израел во врска со судскиот случај за геноцид поднесен од страна на Јужноафриканската Република, Израел продолжува да ги оспорува одлуките на Судот, според кои Израел треба да овозможи дистрибуција на хуманитарната помош и да го заштити палестинското цивилно население.

Во нападите на израелските сили загинаа 28.340, а ранети се 67.984. Израелската воена кампања, исто така, доведе до масовно раселување, уништување и недостиг на храна, вода и засолниште.

И покрај противењето на меѓународната заедница, Израел планира копнена инвазија врз Рафах, кој е дом на околу 2,3 милиони жители на Газа.

Израел тврди дека во нападите на Хамас од 7 октомври минатата година досега се убиени 1.200 луѓе, но, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Во Собранието поднесени предлози за законски измени за важноста на личните документи

Следно

(ВИДЕО) Шведска – Голем пожар во воден парк во Гетеборг

Latest from Blog

Ново Мексико е првата американска држава, каде ќе има бесплатна грижа за децата

Според новата програма, семејствата можат да добијат владини ваучери за да помогнат во покривањето на трошоците за грижа за децата, без разлика дали се во јавни или приватни институции, објави Ројтерс. Мерката

Првата лиценцирана батерија во Македонија – ФЕРОИНВЕСТ го сподели искуството на саемот „Енерго Технома 2025“

На штандот на компанијата на годинешниот саем „Енерго Технома 2025“, посетителите покажаа голем интерес за исплатливоста и придобивките од првата поставена батерија на фотонапонска електрана, во заедничка сопственост на ФЕРОИНВЕСТ и неколку

Бидете внимателни: Греалките можат да бидат причина за пожар, НЕ правете го ова

Според статистичките податоци, греалките се втора најчеста причина за пожари поради неправилно ракување. Бројните предупредувања од електричарите деновиве се однесуваат на правилно ракување со грејните тела, бидејќи голем процент од пожарите настануваат
Go toTop