Ако треба, уште денеска ќе закажам седница на Собранието за надминување на проблемот со возачките дозволи, вели Митрески

February 12, 2024
1 min read

По бурните реакции на јавноста, но и на политичките партии, се огласи и претседателот на Собранитето, Јован Митрески.
Собранието да преземе итни чекори со цел да се надмине состојбата која произлезе од примената на Преспанскиот договор, односно проблемот кој се појави со возачките дозволи, побара претседателот на Парламентот, Јован Митрески на денешната координација со координаторите на пратеничките групи.

Тој истакна дека има најави дека пратеничките групи ќе достават различни предлози за законски измени, поради што нагласи дека пратеничките групи треба да дејствуваат координирано за да се дојде до најбрзото и најдоброто решение, кое ќе биде во интерес на граѓаните, а кое во исто време нема да наштети на почитувањето на меѓународните правни акти кон кои како држава сме се обврзале, информираат од Собранието.

Од Парламентот посочуваат дека Митрески најавил оти уште денеска ќе иницира состаноци со министрите за внатрешни работи, за финансии, за надворешни работи, како и со првиот човек на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Истовремено, претседателот на Собранието информираше дека ќе одржува ад хок состаноци со координаторите на пратеничките група со цел заеднички да најдат решение за настанатата ситуација, известуваат од законодавниот дом.

Од Собранието соопштуваат дека Митрески побарал од координаторите да ги информираат пратениците дека доколку е потребно ќе закаже итна собраниска седница во текот на денешниот ден.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вооружениот маж кој упадна во бродска компанија во Атина уби три лица и се самоуби

Следно

ВИДЕО: Кари со тројка од 9 метри му пресуди на Феникс

Latest from Blog

Светските развојни банки ја засилуваат поддршката за критичните суровини, ЕБОР веќе присутна во Иловица

Мултилатералните развојни банки воспоставија нова рамка за соработка со цел да ја зајакнат поддршката за снабдувањето со критични суровини, од ископ на руда и преработка до производство и рециклирање. Меѓу институциите што

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со Доналд Трамп во Мар-а-Лаго

Никола Андреевски, еден од истакнатите македонски претприемачи во Соединетите Американски Држави и добитник на признанието „Бизнис елит – 40 под 40“, присуствуваше на вечера на имотот Мар-а-Лаго во Флорида, каде што лично

Трамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!

 Во објавата, Трамп ја оправда својата одлука да не го потпише новиот пакет санкции против Москва, кој беше одобрен од Конгресот на САД. Тој тврди дека „се постигнува голем напредок во преговорите“.

Евростат: Македонија со најниско ценовно ниво на храната и безалкохолните пијалаци

Храната и безалкохолните пијалаци во Македонија се 25,2% под просекот на Европската Унија. Најголема разлика има кај овошјето и јаткастите плодови, лебот и житарките, додека цените на маслата и мастите се најблиску
Go toTop