Автомобилските мотори трошат ко што се цица буџетот – за џабе

February 10, 2024
1 min read

За секои 100 денари бензин што ќе го ставите, добивате возење во вредност од само 20 денари. Останатите 80 денари се арчат попат – главно како топлина на моторот.

Електричните автомобили се многу подобри  и поефикасни во претворањето на енергијата во движење. За секои 100 денари електрична енергија што ќе ја внесете, добивате 67 денари возење, плус уште 22 денари енергија што се добива од регенеративното сопирање. Тоа значи дека добивате 89 денари.

Тековите на енергија во моторот со внатрешно согорување наспроти електричниот автомобил се прикажани на табелата подолу. Бројките се од Агенцијата за заштита на животната средина на САД (US EPA).

Земени се просеци. Се разбира, некои автомобили се поефикасни од другите. Просечниот бензински автомобил има просечна ефикасност од 20%, но таа може да се движи од околу 16% до 25%. Дизел автомобилите имаат поголема ефикасност за околу една третина. Колку енергија се обновува од регенеративното кочење на електрична кола исто така ќе варира: ќе добиете повеќе ако возите во град наспроти автопат. Но, не се менува главниот заклучок. Повеќето од енергетските инпути во автомобилот на бензин се трошат залудно, а електричните автомобили се многу поефикасни.

Добивките во ефикасноста на електричните автомобили се важни за енергетската транзиција.

Кога луѓето споредуваат колку бензин согоруваме со тоа колку зелена енергија создаваме, декарбонизирањето на транспортот изгледа речиси невозможно. Се претпоставува дека ќе треба да произведеме еквивалент на електрична енергија со нашата глобална потрошувачка на бензин.

Но, не е така. Со префрлање на електрични возила, се ослободуваме од најголемиот дел од бадијала потрошената енергија. Тоа значи дека треба да произведуваме многу помалку електрична енергија.

Да речеме дека една земја изгорела еквивалент на 1.000 терават-часови (TWh) бензин за патен транспорт . Може да се помисли дека ќе треба да произведеме 1.000 TWh електрична енергија со низок јаглерод, за да ги замениме автомобилите на бензин со електрични. Но, не, можно да ни треба четири до пет пати помалку. „Тоа баш прави битна разлика колку остварлива изгледа оваа транзиција“, пишува Хана Ричи.

Уште да не бевме ваква вукојебина и прчија каква што сме, па да имавме полначи.

Во цела Македонија има 27 полначи.

Таман онолку колку што има Мурска собота во Словенија. Само Љубљана има 135 полначи.

Џабе легендата Драги Црни (дозволете да ве запознаеме) е толку осетлив на арчење гориво:

 

 

 

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грција го информира светот за неважечки македонски пасоши од 12 февруари

Следно

Еве како Анастасија ослабела 20 килограми: Со години јадела хамбургери и чипсови, а потоа пресекла – ова е тајната на нејзината витка линија

Latest from Blog

Проданоски: Плоштадот „Александрија“ вечерва во знакот на фудбалот

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, вечерва заедно со бројни граѓани присуствуваше на организираното јавно следење на фудбалскиот натпревар меѓу Португалија и Шпанија, кој се емитуваше на голем екран на плоштадот „Александрија“

Кина тестираше интерконтинентална балистичка ракета од нуклеарна подморница

Кина тестираше ракета со голем дострел во Јужниот Пацифик; Австралија го оцени потегот како „дестабилизирачки за регионот“ Лансирањето на ракетата се случи само неколку часа откако Австралија и Фиџи потпишаа договор за

Обвинителството бара мерки на претпазливост за тројца осомничени за насилство врз дете во Маџари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за три лица осомничени за насилство врз малолетно лице во скопската населба

На Македонската берза промет од 14,5 милиони денари, доминираше Комерцијална банка

Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,07 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската
Go toTop