ВМРО-ДПМНЕ: Не се преземаат мерки за големата кашлица

February 10, 2024
1 min read

Ковид пандемијата не беше доволна лекција за неспособната власт на СДС и ДУИ која и денес не води сметка за грижата за специјалистичкиот кадар. И денес во Македонија има сериозен недостиг на инфектолози и епидемиолози. И понатаму е мал бројот на овие специјалности, соопшти Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оттука сосема легитимно се поставуваат прашањата:

Дали Клиниката за инфективни болести во Скопје и сите инфективни одделенија ширум државата се подготвени за нова евентуална епидемија?
Колку доктори се упатени за специјализација во овие специјалности во последниве неколку години?
Зошто не се инвестира ниту во кадарот на вакциналните пунктови, во поликлиниките и генерално кадарот што работи на превентивна здравствена заштита?

Власта единствено затвори одделенија за инфективни болести, а во оние што функционираат ништо или недоволно е инвестирано.

Додека надлежните институции кои навремено не ги преземаа потребните мерки се во длабок зимски сон и без системски мерки и во оваа прилика упатуваме апел до родителите да ги вакцинираат своите деца, зашто вакцините се безбедни и спасуваат животи“, наведуваат оттаму.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Рекордни цени на какаото низ светот, можно ново поскапување на чоколадото

Следно

6-годишно дете од Газа пронајдено мртво по неколкудневна неизвесност

Latest from Blog

ШТО СЕ СЛУЧИ СО МИЛИЈАРДЕРОТ ПО УБИСТВОТО НА НЕГОВИТЕ ТРИ ДЕЦА… Има ли живот потоа?

Животот на данскиот милијардер Андерс Холх Повлсен беше обележан со ужасна трагедија во 2019 година. Три од неговите деца беа убиени во терористичкиот напад врз Шри Ланка, меѓу стотиците жртви. Животот на

Николоски и Караџов ќе потпишат договор за прекуграничен железнички тунел меѓу Македонија и Бугарија

На 6 ноември 2025 година, на железничката станица Ѓуешево, ќе биде потпишан Договорот за подготовка, изградба и работа на прекуграничен железнички тунел меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Договорот ќе го потпишат
Go toTop