Грчевски повика 35 ракометарки за претстојната ЕХФ недела

February 9, 2024
1 min read

Селекторот на македонската женска сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го објави денеска поширокиот список со 35 ракометарки за претстојните натпревари со Шпанија во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство.

Досега во евроквалификациите македонската репрезентација запиша две победи во исто толку натпревари. Во првото квалификациско коло сениорките извојуваа убедлива победа на домашен терен против репрезентацијата на Азербејџан, а во следното коло запишаа и гостинска победа против репрезентацијата на Литванија.

Двата дуели против Шпанија се на програмата на 29 февруари во Скопје и на 3 март на гостински терен во Ланзароте.

Европското првенство за ракометарки ќе се одржи од 28 ноември до 15 декември Австрија, Унгарија и Швајцарија.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сметот на Шар Планина ги испокара политичарите, тие ја префрлаат одговорноста

Следно

Откако престанав со тенисот сум само сопругот на Лепа Брена – никој не се сеќава дека тој го создал до ден денес најпознатото шоу, ќе подзинете од овој факт!

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop