Поддржувачите на Таравари со декларација ја потврдија коалицијата со албанската опозиција

February 9, 2024
2 mins read

Седумдесет и пет претставници на централното собрание денеска во Куманово му дадоа поддршка на лидерот на АА Арбен Таравари за коалиција со албанската опозиција, изјави вечерва Блерант Рамадани по завршувањето на состанокот на Централното собрание, со претседателот на партијата.

Консултативниот состанок, го најави Таравари, откако претходно приврзаниците на Зијадин Села, претседател на Централното Собрание, закажаа состанок на ова партиско тело, за во сабота во Скопје.

Рамадани појасни дека на состанокот во Куманово биле присутни 75 членови иако претходно 85 лица се потпшаа на изјавата за поддршка на Таравари.

Тој не даде образложение зошто не биле присутни сите потпишани, но упати на изјавата на Таравари, дека овие денови биле подложени на притисоци.

-Претседателот во изјавата кажа дека стварно овие денови имаше притисоци. Вие знаете дека има и отпуштање на луѓе кои се на работни позиции по договор. Тоа е неетички и неморално, рече Рамадани.

На денешниот консултативен состанок била усвоена декларација со која присутните му дале целосна поддршка на Таравари, за реализација на коалиција со албанската опозиција, се со цел, како што посочи Рамадани, по 20 години ДУИ да премине во опозиција.

Втората точка од декларацијата, додаде, се однесува на проевропската ориентација на партијата, односно потврда дека таа го поддржува интегрирањето во ЕУ, и е усогласена со политиките на САД.
Една од точките на средбата била одржување состанок со централното раководство. Рамадани додаде дека АА има 29 членови на централно раководство, а денеска биле присутни 17 кои му дале поддршка на Таравари.

На состанокот Бујаре Абази била избрана за шеф на Изборниот штаб на АА.

Рамадани во врска со саботното централно собрание, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека на тој собир ќе бидат присутни помалку членови во споредба со денешниот состанок.

– Тоа што ќе се случи во сабота може да биде само собир од евентуално 45 отсто. Знаеме дека во демократија одлучува мнозинството. Одлуката на 45 отсто и доколку сите се присутни не може да влијае на оваа одлука, кажа Рамадани.

Пред почетокот на состанокот, министерот за информатичко општество и администрација од Алијанса за Албанците, кој Владата го предложи да биде разрешен заедно со неговиот сопартиец, министерот за здравство Фатмир Меџити, кажа дека нема отцепување на Алијанса за Албанците.

-Нема отцепување на Алијанса за Албанците, бидејќи ние сме Алијансата, другите се ДУИ-сти во Алијанса за Албанците така да тие дали ќе бидат заедно, дали ќе бидат на посебна листа, дали ќе формираат нова политичка партија не знам, рече Алиу.

Во нашиот политички систем, кажа Алиу првпат се случува една политичка партија да влегува и да прави политички процеси во друга политичка партија. -Тука мислам на ДУИ, којашто делува и прави раскол во Алијанса за Албанците, рече Алиу, додавајќи дека според него вечерва на собранието се присутни над 85 од членовите.

За утре е закажана собраниска седница за разрешување на министерот за здравство Фатмир Меџити и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, двајцата од Алијанса за Албанците, кои го поддржаа актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари што се залага за предизборна коалиција со Европскиот сојуз за промени.

Поранешниот партиски челник Зијадин Села и претседател на централното собрание, и дел од раководството на партијата сметаат дека партијата треба самостојно да настапи на изборите и го обвинија Таравари дека тој како поединец не може да одлучува за чекорите на партијата, туку партиските тела.

Во сабота, според соопштенијата од еден од официјалните мејлови на АА, ќе се одржи централното собрание во хотел „Буши“ во Скопје.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари во Куманово одржува Централно собрание, Села во сабота во Скопје

Следно

Холувудската ѕвезда Расел Кроу со спектакуларен настап на Сан Ремо

Latest from Blog

Николоски: Македонија домаќин на светската градежна научна елита

Македонија е домаќин на Eurock 2026, престижен меѓународен собир на градежната научна јавност, на кој учествуваат неколку стотици професори и експерти од целиот свет. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар

Коњановски: Битола е горда со Михаил, младиот битолчанец кој спаси тричлено семејство

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет се сретна со младиот битолчанец Михаил Николовски, кој неодамна спаси тричлено семејство во разбрануваното море на една од грчките плажи. Според раскажувањето на

Божиновска: Австриските компании имаат простор за инвестиции во македонската енергетика

Гасификација, интерконектори, батериски системи, обновливи извори, енергетска ефикасност и модернизација на мрежата меѓу приоритетите – отворен простор за австриските технологии и инвестиции Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон
Go toTop