Владата не му одобрува на министерот Тошковски нов началник на СВР Тетово?

February 8, 2024
1 min read

Од МВР сè уште не потврдуваат дали Владата им го одбила предлогот за нов началник на СВР Тетово. За овој сектор долго време се шпекулираше дека постојат внатрешни судири. Но, техничкиот министер за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски, има законско право да избере 15 позиции за распоредување на свои кадри. Тој рече дека Владата му одобрила 14 од 15 позиции. Едниот бил отфрлен без образложение.

Алсат упати и прашања до Владата. Сакавме да знаеме зошто на министерот Тошковски не му се одобрени сите 15 кадри и дали е точно дека му е одбиена токму началничката позиција на СВР Тетово. Сакавме да знаеме и која е причината за евентуалната таква одлука? Од Владата ни одговорија дека на отворената седница немало таква точка на дневен ред, а оти не може да се објават информации ако тоа се случило во затворената сесија.

Во меѓувреме, пред неколку дена, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, изјави дека местото началник на тетовската полиција, ќе биде избран кадар во координација со градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

Кадровски промени се законско право на техничкиот министер за внатрешни работи, за да обезбеди оперативно функционирање на министерството до изборите, односно сè додека му трае мандатот.

Фатлуме Дервиши

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИЛА КАКО ОД БАЈКИТЕ: Зорица и Ќемиш живеат во огромно здание со базен, теретана и домашно казино – камерата по грешка улови што имаат во спалната! (ВИДЕО)

Следно

Средба на министерот за внатрешни работи Тошковски со амбасадорот на Европската Унија Н.Е. Дејвид Гир

Latest from Blog

Напад со беспилотно летало врз нуклеарна централа на ОАЕ, избувнал пожар

Напад со беспилотно летало предизвика пожар во нуклеарна централа во Обединетите Арапски Емирати, соопштија денес официјални лица во Абу Даби, во момент кога, се чини дека е запрен напредокот во напорите за

Барселона сепак е пресилна за Бетис

И покрај фактот што позициите на табелата во Примера го најавуваа вечерашниов дуел помеѓу Барселона и Бетис како дерби, сепак, на Ноу Камп домаќинот само ја потврди својата класа сезонава. Барселона победи

Откриен планот на Израел: Тајни пустински бази за напади врз Иран

Неодамнешните откритија на „Волстрит џурнал“ покажуваат дека Израел изградил база во западната пустина на Ирак за употреба во војната што започна во февруари 2026 година. Сепак, ирачките претставници изјавија за „Њујорк тајмс“
Go toTop