Одложен судскиот процес против Трамп за обид за изборна измама

February 3, 2024
1 min read

Датумот на судењето за обид за изборна измама против поранешниот американски претседател Доналд Трамп и водечки кандидат на Републиканската партија за претседателските избори годинава е одложен. Судењето требаше да започне на 4 март, но поради нерешени правни прашања во случајот, тој датум е одложен. Се уште нема нов термин за почеток на судењето, јави ДПА.

Трамп е обвинет по вкупно четири точки. Против него беа поднесени 91 обвиненија.

Во cудскиот процес, кој требаше да започне во Вашингтон на 4 март, 77-годишниот републиканец е обвинет дека се обидел да го поништи исходот од претседателските избори во 2020 година, кога Трамп загуби од неговиот демократски ривал Џо Бајден. Во тоа време, Трамп се обиде на неколку начини да ги поништи резултатите од гласањето. Неговата кампања против исходот на изборите потоа доведе до невиден напад на Капитол во Вашингтон на 6 јануари 2021 година.

Во случајот на Трамп се покренати четири обвиненија, меѓу кои и заговор против САД. Доколку биде прогласен за виновен, може да се соочи со повеќегодишна затворка казна.

Трамп ги отфрли обвинувањата и ги оцени како политички „лов на вештерки“ против него и обид да се спречи да се кандидира за реизбор./MIA/

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД извршија напади во Ирак и Сирија како одговор на ракетниот напад врз американската база

Следно

Одложено враќањето на мисијата Аксиом-3, во која е и турскиот астронаут Гезеравџи

Latest from Blog

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на

Димитриеска-Кочоска: ЦЕБ досега одобри 314 милиони евра за 10 проекти во Македонија

17 септември 2026 година, Скопје – Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура

Николоски: 130-тонски машини копаат до 28 метри под земја за изградба на најтешкиот дел од автопато Охрид-Кичево

Во денешната изјава за медиуми заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, зборуваше за градежните активности на најсложениот дел од автопатот кај Ботун, како и за техничкото решение со

„СЕ КОЦКААТ СО НАШИТЕ ЖИВОТИ“: Експертите алармираат за неконтролираниот развој на вештачката интелигенција

OpenAI објави шест извештаи за „неочекувано и загрижувачко“ однесување на своите модели на вештачка интелигенција, објавува Асошиејтед прес. Соопштението доаѓа во време кога технолошкиот свет води сè пожестока дискусија за безбедноста, а
Go toTop