Повлечен владиниот предлог-закон за рестриктивни мерки

February 2, 2024
2 mins read

Најавените измени во Законот за рестриктивни мерки со кои се очекуваше да се отвори пат за казнување во земјава на лицата кои се на американската Црна листа, се чини дека нема да се случат брзо.
Откако Владата го повлече предлогот што пред една недела самата го достави до Собранието, наведувајќи ја потребата повторно да помине на следната владина седница, сега за Алсат од извршната власт не појаснуваат кога предлогот ќе биде вратен во процедура. Не се знае ниту дали ќе претрпи некакви измени во владата откако немаше консензус од некои министерски ресори.

Предлогот е од МНР, но консензус мора да има и од другите ресори. Министерството за правда останува на негативната оценка што ја даде за предложените измени во законот. Според овој ресор, спроведувањето на рестриктивни мерки само со одлука на Владата, како што е предвидено во предлогот, значи заобиколување на уставниот и правниот поредок на државата.

„Предложеното дополнување на законот кое би овозможило наметнување, измена и укинување на рестриктивните мерки врз основа на „правните акти на Соединетите Американски Држави и правните акти на Обединетото Кралство“ беше спротивен на уставниот поредок и суверенитет на Република Северна Македонија. Министерството за правда оценува дека изрекувањето на рестриктивни мерки со одлука на Владата врз основа на сомневања не е во согласност со Уставот и со казнено-правниот систем воопшто“, велат од Министерство за правда.

Владата се реши на ваков предлог поради притисокот од јавноста откако за кратко време на американската Црна листа беа ставени актуелни и поранешни функционери, бизнисмени и други лица поради корупција. Американската амбасадорка Ангела Агелер во интервју за Телевизија 24 вели дека САД ја поддржуваат иницијативата.

„Го поздравуваме секој напор, секој закон и секоја активност што бара одговорност од лицата. И ако има такви кои ги означивме за корупција, за нас е повеќе од добредојдена иницијативата раководството на оваа држава, судиите, обвинителите и органите на прогонот да ги разгледаат и тие случаи, бидејќи луѓето мора да одговараат. Овде немаме орган за спроведување на законот, ниту би било соодветно, но ја поздравуваме иницијативата. И мислам дека, според она што го слушнав од луѓето во оваа земја и тие го поздравуваат тоа. Но, самото носење закон нема да промени ништо. Тој закон мора да се спроведе“, нагласи Ангела Агелер, амбасадор на САД.

Според ВМРО-ДПМНЕ владата мора сега да каже зошто го повлекува законот и зошто на тој начин ги брани лицата од американската Црна листа.

Повлекувањето на законот од процедурата го критикуваше и албанската опозиција. Според Движењето Беса, актуелниот премиер Талат Џафери го повлекол законот бидејќи, како што оценија, требало да бидат казнети функционери и бизнисмени од владата на СДСМ и ДУИ кои Соединетите Американски Држави ги ставија на Црната листа. „Излегува дека техничкиот премиер Талат Џафери решил технички да ги спаси криминалците потврдени од САД“, велат од албанската опозициска партија Беса.

Неодамна на американската црна листа се најдоа првиот човек на општина Струга Рамиз Мерко, поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, брачната двојка Самсоненко, бизнисменот Орце Камчев и неговото семејство. Речиси сите продолжуваат со своите активности во земјава и не се соочија со никаква пречка од локалните институции./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Предавство со вкус на месо

Следно

Налепници со НМК се уште нема, МВР најавува дека ќе бидат бесплатни

Latest from Blog

Над 30% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро се справува со локалните проблеми

Институтот за политички истражувања Скопје, за потребите на МРТ подготви анкета за локалните избори за актуелните општествени случувања и за рејтингот на политичарите и партиите. Од резултатите презентирани вечерва во емисијата „Објектив“,

ВМРО-ДПМНЕ со двојно поголема поддршка од СДСМ во најновата анкета

Најновата анкета на јавното мислење, објавена вечерва на Македонската радио-телевизија во пресрет на локалните избори, покажува дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно поголем рејтинг во однос на СДСМ. На прашањето за

Венс за Чарли Кирк: Тој е најпаметниот политички оперативец што сум го запознал – му должам многу!

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс, кој денес е водител на „Шоуто на Чарли Кирк“ во спомен на починатиот американски патриот, кој беше застрелан минатата недела, рече дека „заменува некого кој не може да

Стаменкоска Трајкоска: Подготвени сме за победа – за наша Кисела Вода!

Кандидатката за градоначалник на општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска, беше на кафе-дружба со носителката на советничката листа, Светлана Колариќ, претседателот на ОК, Иван Живковски, и идните советници од коалицијата „Твоја Македонија“.
Go toTop