Алиу за ТВ 24: Ако испитот за државен службеник се полага само на македонски ќе пропуштиме добри студенти Албанци

January 31, 2024
1 min read

Законот за јавни службеници е реформски оти нашата држава треба да биде во линија со европските вредности. Државата треба да има слика за јавната администрација за да може да ги опслужува граѓаните и стопанството. Јас сум 11 месеци во министерството и во овој период барав работите да бидат инклузивни. Законот е објавен на ЕНЕР, по што добивме многу забелешки од граѓани, невладини организации итн. кои ги синхронизиравме откако разговаравме со нив. Законите се креирани со поддршка од Европската комисија и локални експерти. Јас лично барав за овие закони да бидат информирани сите политички партии, а меѓу нив имаше и припаднил од ВМРО-ДПМНЕ како дел од работната група. На сите политички партии законот им беше пратен по мејл, а јас како минситер се сретнав со сите. Затоа инсистиран да не се оддолжуваат овие закони оти тие се битни за граѓаните, вели Азир Алиу, министер во МИОА во емисијата 24 анализа на ТВ 24.

– И јас и Стефан се бориме за менување на условите во општеството и затоа треба да пробаме да бидеме различни од другите политичари поради кои бегаат нашите деца. Што се однесува до полагањето на албански јазик тоа што го вели Андоновски е политички. Полагањето се одвива во два дела. И сега тестот е на албански јазик, оти тие студенти што завршиле на албански факултети може да имаат проблеми со македонскиот јазик, вели министерот Алиу.

Министерот вели дека интервјуто за кандидатите се одвива на македонски јазик и дека според него треба да се ценат вредностите на кандидатот а не на кој јазик зборува. Алиу додава дека така може да се утврди дали кандидатот има базични знаења на македонскиот јазик.

– Замислете студент на Штулов университет со просек 10, кој учел на албански јазик и термините ги знае на албански јазик, тој ќе биде попречен да влезе во државна администрација ако го плага тестот на македонски јазик. Тој кога ќе влезе во институцијата за десет дена ќе ја научи терминологијата на македонски. Така ќе пропуштиме стучњак, вели Алиу.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И ОВАА ЗЕМЈА ОД СОСЕДСТВОТО СЕ ПРАЗНИ: Дури 74 села се без жители

Следно

Гасол стави крај на кариерата

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop