Донатори на вечни хемикалии

January 31, 2024
1 min read

285 пожарникари од Мелбурн учествувале во студија која имала за цел да утврди дали од човековото тело можат да се отстранат таканаречените „вечни хемикалии“.  Тоа се озлогласените PFAS кои се неуништиви и ги има насекаде, од тавчиња до облека, до вода, до почва….

* Ги нема само кај нас – затоа што не се мерат.

За време на 12 месечниот експеримент, една група пожарникари донирале крв секои 6 недели, друга група донирале крвна плазма секои 12 недели е третата група не давала крв.

Резултатите покажале дека донирањето го намалува нивото на вечните хемикалии во организмот, при што донирањето плазма е поефикасно и доведува до позначително намалување на присуството на PFAS.

Епидемилог од Мичиген вели дека ваквите наоди се во склад со досегашните сознанија дека жените во просек имаат помали нивоа на вечни хемикалии во себе, најверојатно поради менструалниот циклус.

Ова е добра вест за оние кои донираат крв, но отвора проблем на другата страна, кај оние што примаат, посебно затоа што кај донираната крв не се следат концентрациите на PFAS.

Некои кругови веќе изразија загриженост дека оваа студија би можела да охрабри луѓе да донираат крв само за да ги елиминираат штетните хемикалии од своето тело.

Две PFAS супстанци се поврзани со дузина здравствени проблеми. Едната (PFOA) има линкови со рак на бубрези и тестиси, тироидни болести, чир, зголемен холестерол и притисок. Другата (PFOS) е асоцирана со репродуктивни и развојни проблеми, болести на црн дроб, бубрези и тироида.

***********

Види и:

Америка вечна да е

Што е повечно: парите или хемикалиите?

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Малолетници од Тетово, украле „Хонда“ во Скопје, ја возеле неколку дена без регистрација

Следно

Ѓорѓе Давид ја напушти Македонија, утре ќе се огласи

Latest from Blog

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Македонскиот дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев по голема борба успеа да избори пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Оберпулендорф, Австрија.
Go toTop