Антикорупциска – Секоја институција да замете во својот двор

January 31, 2024
2 mins read

Изградбата на комплексот згради Холидеј Ин која од прозорецот на седиштето на Комисијата секојдневно ја гледаат антикорупционерите ги потсетува накривичната пријава која ја поднеле уште пред две години и никој не постапува по неа. Тоа е сликаза непостапувањето на институциите по иницијативите на Државната комисија за спречување на комисија која утврди дека основниот план за градба е незаконски, односно Деталниот урбанистички план не е во согласност со Урбанистичкиот.

Тоа е само една од неколкуте иницијативи за кривично гонење на кои претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска, вели дека се горди за сработеното. Таа презентирајќи ги резултатите од нивниот мандат посочи дека сработиле илјадници предмети кои не стигнале до правна разрешница и дека се горди на оние кои ги изработиле до пријава за кривично гонење.

Меѓу нив се и иницијативите за кривично гонење на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко кој е ставен на американската црна листа, како и за вицепремиерот Кочо Анѓушев кој исто така е на црната листа. Потоа за посебниот закон со кој му се овозможи на конзорциумот Бехтел и Енка да ги гради автопатите од коридорот 8 и 10 Д, за набавката на лиценците во Владата во вредност од 26 милиони евра.

„Претходно оваа институција носеше епитети какви што ги носат многу институции сега. Покажавме дека може да се работи поинаку, меѓутоа во овој државен систем треба сите делови да функционираат, не може само со едно делче како ДКСК И ДРЗ да се функционира, а одозгора никој да не ги слуша. Тоа е. Секој да си го мете својот двор, ние нашиот го изметовме“, вели Ивановска.

Неказнивоста им дава слобода на функционерите

Антикорупционерите од 2019 година до сега отвориле над 5 илјади предмети од кои 2872 се однесуваат на корупција. Од властите побарале разрешување на 59 службени и раководни лица, а 56 за кривично гонење. Од 2002 година до сега нити еден предмет кој доаѓа по иницијатива од ДКСК не видел бела виделина на суд освен предметот Бачило, вели таа.

Ивановска тврди дека не може да функционира во целост правосудниот апарат ако не се постапува по нивните иницијативи кои содржат сомнежи за корупција. Таа вели дека неказнивоста им дава слобода на функционерите да не ги почитуваат препораките на ДКСК.

„Не може револуција со власт во конфорт зона“, кусо искоментира таа.

Ивановска повикува сите институции да си ја завршат работата според надлежностите што ги имаат во законот, затоа што со носење на кривичен законик во 24 часа со кој се намалија казните, со поништување на 200 предмети според Транспренси, со доверба во судството од еден процес резултатите се такви какви што јавноста ги гледа.

Антикорупционерите не биле на директна мета на закани од политичарите, туку од јавни притисоци и тужби од високите функционери.

„Јас заработив тужбата за клевета од директорот за спорт и млади затоа што си ја извршував својата работа, ги презентирав наводите на јавна седница, а до Владата побаравме одговорност од директорот, но Владата ја отфрли нашата иницијатива, заклучи дека не требало да бараат одговорност од него. Постапката против него во обвинителството е во тек и чекаме известување за обвинителска одлука“, изјави антикорупционерот Владимир Георгиев.

Ивановска додаде дека по нивното постапување се огласиле и вицепремиерите Артан Груби, Славица Грковска и Бојан Маричиќ.

„ На таквите јавни притисоци сме имале и јавни одговори, и тужбата е притисок“, посочи таа.

Од следниот месец канцелариите на антикорупционерите ќе седне нов тим што ќе го предводи Татјана Димитровска, дипломиран економист од Скопје, вработена во Државниот завод за ревизија. Комисијата во нов состав треба да почне со работа на 8 февруари. За разлика од собраниската седница на која немаше дискусија за предлозите за нов состав на ДКСК, во ноември, кога беа избирани кандидатите во Комисијата за селекција, беа искажани одредени забелешки за партизација и необјективно гласање.

Последниот извештај на Европската комисија за Северна Македонија оцени дека во земјава нема напредок во судството и борбата против корупцијата.

Извор: Радио Слободна Европа

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Екстремен студ од -31 степен е измерен во североисточна Туркије

Следно

ССМ бара оставка од тројцата судии што ја донеле одлуката за одземање на зградата, најавуваат постапка и пред Судскиот совет

Latest from Blog

Трагедија во Кентаки, САД – најмалку тројца загинати во пад на товарен авион

Ова е застрашувачкиот момент што го потресе Луивил. Безбедносните камери го снимија летот 2976 на УПС, само неколку секунди по полетувањето од меѓународниот аеродром. На левото крило веќе има пламен. Авионот не

Најмалите деца најмногу шират вируси

Есента носи посвежи денови, но родителите знаат дека тоа значи и почеток на сезоната на кашлање, кивање и затнат нос. Респираторните вируси, настинките и грипот циркулираат во училиштата и градинките, па ново

Филипче најави: Ќе се моли по мали партии, дали на повидок е КОАЛИЦИЈА СО ЛЕВИЦА?

Претседателот на СДСМ и воедно најголем губитник на локланите избори, најави дека ќе отвора широкфронт против власта, односно во превод – соочен со немоќта на сопствената партија во распад, сега ќе ги

Амбасадорот на ЕУ во Србија: Разочаран сум од реториката што се користи во врска со ЕУ

Амбасадорот на Европската унија во Србија, Андреас фон Бекерат, денеска изјави за годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на патот кон ЕУ дека треба да „обезбеди мапа на патот“ за тоа
Go toTop