Смена на владата на Нетанјаху и ослободување на заложниците бараат илјадници луѓе на протести низ Израел

January 28, 2024
1 min read

АЛ КУДС (АА) – Илјадници Израелци демонстрираа вчера во неколку градови повикувајќи на смена на владата, што се совпадна со протестите на семејствата на Израелците кои се заложници во Газа, а кои се собраа пред резиденцијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, пренесува Анадолу.

Весникот „Yedioth Ahronoth“ објави дека илјадници Израелци протестирале во Хаифа барајќи смена на владата и распишување на предвремени избори во Израел.

Во градот Кфар Сава, во близина на Тел Авив, стотици лица демонстрирале под слоганот „Избори сега“, објави истиот весник.

Стотици луѓе демонстрирале и во градот Ранана во близина на Тел Авив.

Нетанјаху се соочува со низа критики од страна на израелската јавност и некои политичари поради кризата со заробените Израелци во Газа и неуспешното изнаоѓање на каков било пат за да се обезбеди нивното враќање во Израел.

Десетици семејства на заложниците во Газа демонстрираа и пред куќата на Нетанјаху во градот Цезареја, барајќи нивно ослободување.

Весникот „Yedioth Ahronoth“ објави дека втора недела по ред семејствата на заложниците во Газа протестираат пред куќата на Нетанјаху.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, училишта, верски објекти и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври минатата година.

Според израелските медиуми, за времена седумдневната хуманитарната пауза која започна на 24 ноември ослободени се 105 цивили, вклучувајќи 81 Израелец и 23 државјани на Тајланд и еден Филипинец кои беа заробени од страна на Хамас.

Групата за застапување на палестинските затвореници објави дека во рамките на хуманитарната пауза Израел ослободил 240 палестински затвореници, од кои 71 жена и 169 деца.

На 1 декември, по завршувањето на хуманитарната пауза, израелската војска продолжи со своите интензивни напади низ Појасот Газа.

Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени најмалку 26.257 Палестинци, главно жени и деца, а ранети се повеќе од 64.797 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

Според податоците на Обединетите нации, 85% од населението на Појасот Газа е интерно раселено и се соочува со акутен недостаток на храна, чиста вода и лекарства, додека околу 60% од инфраструктурата во Појасот Газа е оштетена или уништена.

Израел проценува дека во заробеништво сѐ уште се наоѓаат 136 Израелци. Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, но, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Денеска во Собранието се галаса за техничка Влада

Следно

Финците избираат нов претседател – водат конзервативец и претставник на Зелените

Latest from Blog

Студентите од регионот заедно во Скопје, бараат меѓусебно признание на дипломите и независен инвестициски фонд

Иако доаѓаат од различни држави, студентите од регионот се соочуваат со слични проблеми. За да зборуваат за нив и да побараат решенија за предизвиците со кои се соочуваат, младите се собраа во

УАКС одбележува 20 години визија и посветеност на квалитетно образование по светски стандарди

Денес, со свечен настан на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), официјално започна одбележувањето на јубилејот – 20 години УАКС. На настанот се обратија претседателката на одборот на директори и проректор за настава

Почина поранешен кошаркар на Карпош Соколи, имаше само 38 години

Поранешниот српски кошаркар кој настапуваше и за Карпош Соколи, Драган Лабовиќ почина од срцев удар на 38-годишна возраст, информираат денеска српските медиуми. Лабовиќ важеше за голем талент на српската кошарка кој не

Американскиот претседател Трамп објави дека Индија и Пакистан се договориле за прекин на огнот

АНКАРА (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Индија и Пакистан се согласиле за целосен и моментален прекин на огнот по разговорите водени со посредство на неговата земја, известува Анадолу. Претседателот

„Загревање“ пред трката за локални избори, официјално дел од имињата ќе бидат познати во јуни

На само пет месеци пред одржувањето на локалните избори, политичките партии се уште не ги откриваат своите адути во трката за градоначалници. Во ВМРО-ДПМНЕ се уште трае процесот на сондирање за можните
Go toTop