Повеќе од 20 месеци на фронтот: Репортажа со Украинска антитенковска единица

January 27, 2024
1 min read

Сите тенкови се слични – не ни е важно за каков тенк се работи. Ако ги забележиме, ги уништуваме. Руските тенкови немаат заштита од нашата против-тенковска заседа, велат припадниците на украинската 80-та јуришна бригада. Репортажа на Ана Костутшенко.

Пред Русија да ја нападне Украина, овој 39-годишен војник од градот Днипро, професионално пеел во бендот наречен Мистер Исус. Бил и дрводелец. Тој доброволно се приклучи на вооружените сили на Украина во летото 2022 година и брзо ги усовршил против-тенковските вештини.

Претпочита да не го користи своето вистинско име и наместо тоа да се ословува според неговиот воен прекар – Фишек.

„Знам дека никој не сака да загине и не е роден да војува, но јас ги научив брзо вештините. Тоа е единствениот начин, бидејќи нема време на фронтот“, вели Фишек.

За разлика од Фишек, 23-годишниот војник со прекар, Клиф е во вооружените сили од 2021-ва, кога потпиша да го заштити Донбас од сепаратистите, поддржани од Русија.

Но, тој беше испратен на југот на Украина, а по ослободувањето на областа, се врати во Донбас како дел од 80-та воздушно – јуришна бригада.

„Сите тенкови се слични – не ни е важно за каков тенк се работи. Ако ги забележиме, ги уништуваме! Руските тенкови немаат заштита од нашата против-тенковска заседа“, објаснува Клиф.

Мојот роденден е на 15 јули. Тој ден бев во три мисии врз различни мети. Ги погодивме сите
Перегрин

24-годишниот војник го користи името Перегрин. Ова е втора година на фронтот, како го штити Донбас. На неговиот роденден бил дел од борбите во селото Клишчивка.

„Мојот роденден е на 15 јули. Тој ден бев во три мисии врз различни мети. Ги погодивме сите“, вели Перегрин.

Секоја противтенковска ракетна единица се состои од само два до пет војници. Тие стрелаат од околу 5000 метри. Оваа бригада се бори на фронтот повеќе од 20 месеци.

Фишек вели дека имаат намера да продолжат.

„Ние сме Украинци, а не Руси, и Русија нема да може да не направи Руси. Се обидуваше долго време, но нашиот јазик опстана, нашите традиции опстанаа и луѓето кои ги негуваат тие традиции и натаму егзистираат. Нема да дозволиме непријателот да го уништи тоа“, вели Фишек.

Војниците од бригадата користат украински против-тенковски ракетни системи како Скиф и Стугна. Од февруари 2022-ра, тие велат дека уништиле над 70 руски тенкови и оклопни возила./VOA/

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во израелските напади на Појасот Газа убиени се 174 Палестинци во последните 24 часа

Следно

Локализиран пожарот во Специјалната болница на Златибор, евакуирани пациентите

Latest from Blog

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите

Шпанските спасувачи трагаат по 23 исчезнати во пожарот кој однесе 12 жртви

Пожарот сè уште се шири поради неповолните временски услови и тешките временски услови, а досега зафати околу 4.000 хектари вегетација. Во битката со огнот, учествуваат повеќе од 500 служби за итни случаи,

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева на намерно подметнување

Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои

Ребаланс на Буџетот: По 2 милиони денари за жените земјоделки и жртвите на семејно насилство

Јули 2026, Скопје – Два милиони денари дополнителни средства со предлог ребалансот се обезбедуваат за поддршка на жените коишто вршат земјоделска дејност и уште 2 милиони за финансирање национална СОС линија за
Go toTop