САД: Флорида ги забрани социјалните мрежи за помлади од 16 години

January 25, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Претставничкиот дом на американската сојузна држава Флорида донесе одлука за забрана за пристап до социјалните мрежи за деца помлади од 16 години, пренесува Анадолу.

За новиот закон гласаа 106 пратеници, а 13 беа против.

Пол Ренер, претседател на Претставничкиот дом, тврди дека животот на интернет го загрозил менталното здравје на тинејџерите во Флорида и ги довело во опасност, пренесе порталот „Флорида политик“.

„Децата отсекогаш се соочувале со злобни девојчиња и момчиња, но социјалните мрежи ја сменија играта и предизвикаа невидена штета врз менталното здравје на нашите деца“, рече Ренер.

Тој истакна дека е неопходно решавање на штетните ефекти на социјалните мрежи врз развојот и благосостојбата на децата.

„Флорида има уверлив државен интерес и должност да ги заштити нашите деца, нивното ментално здравје и нивното детство“, објави Ренер по седницата на платформата Х.

Поддржувачите на законот велат дека опасното опкружување на социјалните мрежи не може да се занемари.

Пратеникот Тајлер Сироис рече дека содржината на социјалните мрежи намерно е креирана на начин да создаде зависност кај младата популација и повеќе да служи како „дигитална дрога“ отколку како извор на забава.

Меѓутоа, демократите што се спротивставија на овој закон тврдат дека таква измена на државниот закон би ги отсекла патиштата за наоѓање позитивни заедници, па дури и за започнување бизниси. Дури критичарите тврдат дека оваа мерка ги загрозува правата на родителите.

Мета, компанијата што ги поседува Фејсбук, Инстаграм и други платформи на социјални медиуми, го повика Претставничкиот дом да бара друго решение, како што е, на пример, барање родителско одобрение за преземање на апликацијата.

„Голем број тинејџери денес користат интернет и апликации за одговорно да соберат информации и да учат за новите можности, вклучително и работа со скратено работно време, високо образование, граѓански или црковни собири и воена служба“, напиша до Претставничкиот дом Колдер Харвил-Чајлдс, претставник на Мета.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсен Србин под сомнение дека работел за разузнавачката служба на Албанија

Следно

Турска амбасадорка именувана за специјална пратеничка на ОБСЕ за борба против интолеранција и исламофобија

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop