Три лица загинаа во руското гранатирање на градот Константиновка во истокот на Украина

January 28, 2023
1 min read

 Три лица загинаа, а уште најмалку две се повредени откако руските сили нападнаа станбена област во градот Константиновка во источна Украина, објави на Телеграм гувернерот на регионот Доњецк, Павло Кириленко.

Кириленко наведе дека се оштетени четири станбени згради и еден хотел. „Спасувачките екипи и полициските службеници се на местото на настанот за внимателно документирање на уште едно злосторство на руските окупатори“, додаде тој.

Претходно денеска Кириленко објави дека четири лица загинале, а најмалку седум се ранети од руското гранатирање во последните 24 часа. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека ситуацијата на фронтот и понатаму е „исклучително тешка“, особено во источниот регион Доњецк, каде Русија ја засилува својата офанзива како дел од нејзината целосна инвазија која започна во февруари минатата година.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

18-годишен возач прегази пешак во Скопје

Следно

ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ: Руски напад врз градот Константиновка во источна Украина

Latest from Blog

За Србија сојузот Косовски безбедносни сили и вооружените сили на Албанија е директна закана за државата и Србите

„Тоа е оската на политиката на приштинскиот режим, која со секој потег и нов чекор кон формирање на таканаречената голема Албанија е насочена кон Белград“, нагласи Петковиќ во соопштение. Како што истакна,

Илија Димовски: Независноста не е датум, туку секојдневна борба

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, по повод Денот на независноста на Република Македонија упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека независноста не е само календарски датум, туку процес што секојдневно се добива
Go toTop