Израелскиот министер Елијаху го повтори повикот за напад на Газа со нуклеарна бомба

January 24, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ)

Израелскиот десничарски министер за наследство, Амихаи Елијаху, денес го повтори повикот за напад на Појасот Газа со нуклеарна бомба, известува Анадолу.

„Дури и во Хаг ја знаат мојата позиција“, е цитатот од изјава на израелскиот десничарски министер Елијаху, кој го објави „Тајмс оф Израел“, дадена за време на посетата на градот Хеброн на Западниот Брег, во врска со неговиот повик за употреба на нуклеарно оружје во Појасот Газа.

Во ноември Елијаху рече дека фрлањето нуклеарна бомба на Појасот Газа е можна опција.

Министерот со екстремистичка реторика против Палестинците повика и на охрабрување на населението на Газа да мигрира од енклавата.

Јужноафриканската Република на 29 декември поднесе тужба за геноцид до Меѓународниот суд на правдата против Израел, а во јужноафриканскиот правен тим ги вклучи и изјавите на Елијаху во досието доставено до судот.

– Војната во Појасот Газа

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, училишта, болници и верски објекти по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври.

Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени најмалку 25.700 Палестинци, главно жени и деца, а ранети се повеќе од 63.740 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

Се верува дека Хамас држи околу 136 Израелци како заложници. Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, но, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.

Според податоците на Обединетите нации, поради израелската офанзива, 85% од населението на Газа интерно е раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60% од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Преку фотографии од лускузна свадба во Грција откриени затајувачи на данок

Следно

Иранскиот претседател Раиси допатува во официјална посета на Туркије

Latest from Blog

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната
Go toTop