Во 2016 година СДСМ не гласаше за Техничката влада

January 23, 2024
1 min read

Премиерот Димитар Ковачевски задутре ќе поднесе оставка, а истиот ден се очекува тоа да го направи и првиот човек на Собранието Талат Џафери. Со ова целата влада ќе биде во оставка, па на Џафери ќе му се отвори патот да го добие мандатот за формирање на новата влада по моделот од Пржино.

ВМРО-ДПМНЕ сè уште не соопштува кои ќе бидат нивните двајца министри, но премиерот Ковачевски не прифаќа ВМРО-ДПМНЕ да гласа воздржано за техничкиот кабинет.

Ваквата упорност на партијата на премиерот Димитар Ковачевски доаѓа иако во 2016 година и тие самите не гласаа за техничката Влада. Имено и покрај тоа што предложија своите министри, СДСМ ја напушти седницата и не гласаше за кабинетот на Емил Димитриев во јануари 2016 година.

Сега Ковачевски не гледа сличност меѓу двете ситуации. Вели – сега условите биле сменети.

ВМРО-ДПМНЕ веќе најави дека ќе предложи свои министри, но нема да гласа „за“ Владата на Џафери бидејќи не се согласува со договорот меѓу СДСМ и ДУИ за премиер од ДУИ со мандат од 100 дена. Техничката влада инаку, треба да биде избрана на 28 јануари, 100 дена пред изборите кои се договорени за 8 мај.

Фатлуме Дервиши

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НЕ МОЖЕ ДА СПИЕ, СЛУША ВРИСОЦИ И ИМА КОШМАРИ: Ѓорге Давид по несреќата минува низ пекол, му треба психијатар

Следно

Продолжена мерката за замрзнување на цените

Latest from Blog

Барселона направи потег, се чека на Рафиња

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред Рафиња игра феноменално за Барселона, а каталонскиот клуб размислува за продолжување на неговиот договор. Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11
Go toTop