Саудиска Арабија: Нема нормализирање на односите со Израел без решавање на палестинското прашање

January 22, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Саудиска Арабија нема да ги нормализира односите со Израел доколку не се реши палестинското прашање, изјави министерот за надворешни работи, принцот Фајсал бин Фархан Ал Сауд, пренесува Анадолу.

„Тоа е единствен начин на кој ќе извлечеме корист. Ни треба стабилност, а стабилноста ќе дојде само преку решавање на палестинското прашање“, рече Фајсал во интервју за Си-ен-ен.

Принцот Фајсал на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, во средата изјави дека Израел не може да ужива во мир без формирање палестинска држава, нагласувајќи ја потребата од прекин на огнот во Појасот Газа.

Пред израелската деструктивна војна во Газа, која започна на 7 октомври минатата година, Саудиска Арабија беше вклучена во разговори, со посредство на САД, за потенцијално нормализирање на односите со Израел. Но аналитичарите веруваат дека војната ги одложи разговорите меѓу двете страни.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во северна Грција минус 20, на островот Кастелоризо 18 степени

Следно

Џафери на средба со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија О Брајан

Latest from Blog

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад

ФИЈАСКО НА ПРОТЕСТОТ НА ДУИ – Наместо илјадници, во Тетово се собраа околу 200 до 300 лица

Партијата протестира против одлуката поврзана со промената на имињата на улиците, собирот помина мирно и без инциденти. Во Тетово денеска се одржа протестен марш во организација на ДУИ, поради одлуката поврзана со

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите
Go toTop