Поголеми плати во приватниот сектор, со ослободување од плаќање на придонесите

January 21, 2024
1 min read

Во приватниот сектор има вработени кои земаат месечна плата пониска од минималната, велат синдикалците. Иако работат најмалку 8 часа по 6 дена во неделата, парите ги добиваат како хонорар, или во готово… Оваа појава се очекува да се намали со субвенционирањето на платите, мерка предложена во 9 пакет од анти- кризни мерки за месец март.

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во Собранието е доставен закон за субвенции, поточно ослободување од придонеси, со кој се овозможува приватниот сектор да ги зголеми платите на работниците од 3000-9000 денари.

„Во Социо-економскиот совет се разговараше за оперативниот план за вработување, мерките и програмите за 2024 година, каде учествуваа и работодавачи и синдикати, за да ја продолжиме постапката и дополнително да ја одобриме во Влада. Одобрено е и зголемувањето на минималната плата од март. Никој од претставниците на организациите на работодавачи не спомна дека ќе имаат проблем. Дури и тие како работодавачи се задоволни од оваа методологија за зголемување на минималната плата“, велат од Министерство за труд и социјална политика.

За економските експерти, поради ниските плати, приватниот сектор ја загуби конкуренцијата на регионалниот пазар.

„Ќе ви дадам податок кој е песимистички, но кажува многу за оваа ситуација! Од јануари 2023 до јануари 2024 година, некаде близу 14.000 вработени добиле формулари за одјавување од приватниот сектор. Тоа значи дека овие луѓе не гледаат перспектива во приватните фирми во земјава и 95% од нив ќе завршат на западноевропскиот пазар како нововработени, а мал дел ќе се вработат во јавниот сектор. Во земја каде што јавниот сектор сочинува најголем процент од потрошувачката кошница на производи и услуги, нема шанси да имате силен критериум во приватниот сектор“, нагласи Висар Адеми, економски експерт.

Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија во неколку наврати го изрази својот револт од несоодветната исплата на вработените во приватниот сектор, особено во текстилниот сектор. Синдикалците велат дека се подготвени повторно да протестираат доколку не им се исполнат барањата, отстранувајќи ја можноста за плати под минималната, која во моментов е 20.170 денари, а од март се очекува зголемување на минималната плата за најмалку 2 илјади денари./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Среде бел ден, околу пладне, скопјанец натепан и ограбен

Следно

Аеродромот во Белград и Ер Србија за хаосот поради грешката со патниците од Македонија (ВИДЕО)

Latest from Blog

Бетис како гостин го “реши“ Виљареал

ФОТО:.facebook.com/realbetisbalompie Бетис го победи Виљареал со 2:1 на гостински терен во последниот натпревар од петтото коло на Ла Лига. Бетис победи по пресврт, со головите на Ернандез и Натан, додека Жерар Морено

Трамп пушта музика во авион на најсилно- сите се изненадени од неговиот избор (ВИДЕО)

За време на летот, тој им пушти песни од неговата „одобрена плејлиста“, за која рече дека поголемиот дел од неа самиот ја составил. Пред да започне музиката, стјуардесата им го пренесе прашањето

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop