Обвинителството со детали за сообраќајната несреќа кај Табановце во која загина една жена

January 21, 2024
1 min read

Кумановското обвинителство извршило увид во сообраќајната несреќа што се случи вчера пред граничниот премин Табановце во која загина 49-годишна жена од Куманово.

Според првичните сознанија на Обвинителството, до несреќата дошло така што прво настанал судир меѓу автомобилите со македонски таблички бидејќи едно од возилата влегло на автопат од недозволена насока, а откако жената излегла од автомобилот, во неа налетало возилото со српски ознаки. Од здобиените повреди, кумановката починала.

-Според првичните сознанија, иницијалниот судар меѓу два автомобили, „Фолксваген поло“ со кумановски и „Фолксваген голф“ со скопски регистарски таблици, бил предизвикан кога најверојатно возачот на еден од автомобилите влегол на автопат во недозволена насока. По тој првичен судар, патничката од кумановското возило излегла од автомобилот и во тој момент на неа налетал автомобил „Опел инсигниа“ со српски регистарски таблици. Од ударот жената се здобила со тешки повреди од кои починала, соопшти Обвинителството.

Обвинителството издало наредба за обдукција на починатата и за испитување на примероци од крв и урина на другите учесници кои во моментот се хоспитализирани со полесни повреди. Собрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење со цел прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа.

Претходно СВР Куманово информираше дека во сообраќајната несреќа што се случи вчера на автопатот Куманово-Табановце на два километри пред граничниот премин, околу 20 часот учествувале три автомобили, од кои едниот со српски национални ознаки.

– Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија.

Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Куманово, информираше полицијата.

Со тешки телесни повреди се здобиле В.П. и Б. Т, а со телесни повреди се здобил Ѓ.Н. констатирани во болницата во Куманово.

Дел од српските медиуми пренесоа информација дека во несреќата учествувал српскиот музичар Ѓорѓе Давид.

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: УЈП и Лукаревска нека не кажуваат „гачки“- како дозволиле скоро отворена компанија да побарува 11 милиони евра поврат на ДДВ

Следно

ЕУ има за цел да испорача најмалку 1,3 милиони артилериски гранати на Украина до крајот на годината

Latest from Blog

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите

Шпанските спасувачи трагаат по 23 исчезнати во пожарот кој однесе 12 жртви

Пожарот сè уште се шири поради неповолните временски услови и тешките временски услови, а досега зафати околу 4.000 хектари вегетација. Во битката со огнот, учествуваат повеќе од 500 служби за итни случаи,

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева на намерно подметнување

Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои

Ребаланс на Буџетот: По 2 милиони денари за жените земјоделки и жртвите на семејно насилство

Јули 2026, Скопје – Два милиони денари дополнителни средства со предлог ребалансот се обезбедуваат за поддршка на жените коишто вршат земјоделска дејност и уште 2 милиони за финансирање национална СОС линија за
Go toTop