Објавени деталите за новите правила за добивање германско државјанство

January 20, 2024
2 mins read

Странците треба да можат побрзо да добијат германско државјанство, но под одредени услови. Бундестагот вчера го прифати соодветниот предлог-закон.

Германскиот парламент (Бундестаг) вчера прифати реформа со која владата сака да овозможи побрзо стекнување на германско државјанство под одредени услови. Еве ги главните точки на прифатениот закон:

Рок за добивање државјанство

Странците кои сакаат германско државјанство во моментов можат да го добијат најрано по осум години легален престој во земјата. Тој период треба да се скрати на пет години, а во случај на „посебни достигнувања во интеграцијата“ на три години. „Постигнувања“ значат, на пример, добро познавање на германскиот јазик, доброволно општествено ангажирање или многу добри резултати на училиште или на работното место.

Двојно државјанство

Мигрантите во принцип треба да можат да имаат двојно државјанство во иднина. Досега, апликантите за германски пасош прво мораа да се откажат од претходното државјанство. Ова не важи за граѓаните на другите членки на ЕУ и на Швајцарија, кои веќе можат да имаат две државјанства.

Сојузната влада верува дека многу луѓе се двоумеле да аплицираат за германски пасош затоа што, со откажувањето од постојното државјанство, се плашеле дека ќе ги загубат врските со нивната татковина или со семејството што сѐ уште живее таму.

Германско државјанство за деца

Децата на странски родители, родени во Германија, во иднина би требало безусловно да добиваат германско државјанство доколку барем еден родител легално живеел во Германија повеќе од пет години. Во моментов тој рок е осум години. Во принцип, децата родени во Германија треба да им донесат и германско и државјанство на нивните родители и можат трајно да ги задржат и двете.

Познавање на германски јазик

Побрзото стекнување државјанство треба да продолжи да се поврзува со исполнување на неколку услови. Странците кои сакаат да добијат германски пасош мора да достават докази за добра интеграција и добри јазични вештини. Исклучоците важат само за членовите на семејството, т.н генерација гастарбајтери кои со децении живеат во Германија. Тие не мора да полагаат тест за државјанство и тест за германски јазик.

Трошоците за живот

Услов за добивање државјанство е способноста на мигрантите да ги сносат трошоците за својот живот во Германија, како и трошоците за издржување на членовите на семејството. Гастарбајтери кои дошле во Германија по 1947 година, како и поранешни т.н „договорни работници“ од ГДР.

Декларација за основниот закон (Устав)

За да добијат германски пасош, странските државјани, како и досега, мора експлицитно да се изјаснат дека го почитуваат слободарско-демократскиот основен поредок содржан во Уставот. Во Предлог-законот се наведува дека „антисемитските и расистички дејствија, како и оние насочени против родовата или сексуалната ориентација или други дејствија мотивирани од презир кон луѓето“ не се во согласност со уставно гарантираната заштита на човековото достоинство.

Изјава против антисемитизмот

Според плановите на Владата, оваа декларација треба да се прошири во иднина. Заднината на ова се, меѓу другото, делумно антисемитските протести на улиците на Германија по нападот на терористичката милиција Хамас врз Израел. Така, во иднина, апликантите за германско државјанство би морале експлицитно да ја поддржат „специјалната историска одговорност на Германија за националсоцијалистичкото владеење на неправдата и неговите последици, особено за заштитата на еврејскиот живот“. Поради рускиот напад на Украина, ќе има посебно предупредување за „забрана за водење агресивна војна“. Однесувањето спротивно на овие барања би требало да го оневозможи добивањето германско државјанство.

Одземање на германско државјанство

На лицата кои потекнуваат од странство може да им се одземе германскиот пасош во рок од 10 години, на пример поради груба измама или давање лажни информации. Реформата предвидува и одземање на државјанството во случај на лажна изјава за поддршка на слободарско-демократскиот уставен поредок.

Новиот закон би можел да стапи на сила веќе во април. Според информациите од МВР, во Германија во моментов живеат околу 12 милиони странски државјани, од кои околу 5,3 милиони престојуваат во земјава најмалку 10 години.

Закон за полесно депортирање

Германскиот парламент (Бундестаг) го усвои овој четврток, на 18 јануари, закон со кој треба да се поедностави депортацијата на одбиените баратели на азил и илегалните мигранти. Со овој закон, на пример, се укинува обврската на државните органи да објавуваат депортација. Исклучок се семејствата со деца под 12 години. Исто така, приговор или жалба против одлуката за забрана на престој во Германија повеќе не го одложува извршувањето.

Според информациите на Сојузното Министерство за внатрешни работи, во декември во Германија се регистрирани 242.642 лица кои  загубиле право на престој во земјата. Сепак, 193.972 од нив добиле т.н Duldung, односно привремено право на престој.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Израел продолжува со офанзивата во Газа, во изминатите 24 часа загинаа 165 Палестинци

Следно

Еден загинат и деветмина повредени во синоќешната сообраќајна несреќа кај Гевгелија

Latest from Blog

Во Струга до 15 часот излезноста е 27,5% во вториот круг

До 15:00 часот излезноста во Струга и струшкиот регион изнесува 27,5%, соопшти претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута. Гласањето се одвива без поголеми забелешки, со редовен тек на избирачките места. Изборниот

Диар Ајрулаху, 15 годишниот репрезентативец на У-15 кој блеска надвор од државата

Диар Ајрулаху, 15 годишник од Македонија, воодушевува со своите настапи на меѓународниот фудбалски турнир што моментално се одржува во Албанија. Избран за репрезентацијата У-15 на Македонија, Диар го привлекува вниманието на тренерите

Де Роси најверојатно ќе ја преземе Џенова

Даниеле Де Роси е најсериозен кандидат да биде нов тренер на тимот на Џенова, откако менаџментот на клубот одлучи да му врачи отказ на Патрик Виера. Клубот во моментов е во потрага
Go toTop