Бајден: Ако победи Русија, што мислите дека ќе се случи од Полска до Унгарија?

January 20, 2024
1 min read

Американскиот претседател Џо Бајден за време на вчерашниот говор во Белата куќа предупреди дека откажувањето на финансиската помош за Украина може да доведе до криза во балканските земји.

„Ако ние заминеме и Русија го издржи нивниот напад и ја победи Украина, што мислите дека ќе се случи во балканските земји? Што мислите дека ќе се случи од Полска до Унгарија? праша тој.

Врвните соработници на Бајден отворено им кажаа на пратениците на приватна средба во средата дека ако Конгресот наскоро не одобри дополнителна воена помош за Украина, Русија би можела да ја добие војната за неколку недели – во најдобар случај со месеци, пишува NBC News.

Советникот за национална безбедност Џејк Саливан и директорката на националното разузнавање Аврил Хејнс тогаш рекоа дека не е случајно што Путин го изврши најголемиот воздушен напад од почетокот на инвазијата на Украина, откако Конгресот не одобри повеќе помош минатиот месец./makfax

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јапонската лунарна сонда слета на Месечината

Следно

Зеленски до Трамп: Ако можеш да ја запреш војната за 24 часа, дојди во Киев и направи го тоа

Latest from Blog

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад

ФИЈАСКО НА ПРОТЕСТОТ НА ДУИ – Наместо илјадници, во Тетово се собраа околу 200 до 300 лица

Партијата протестира против одлуката поврзана со промената на имињата на улиците, собирот помина мирно и без инциденти. Во Тетово денеска се одржа протестен марш во организација на ДУИ, поради одлуката поврзана со

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите
Go toTop