Коментирајќи ја изјавата на лидерот на Партијата за слобода и правда, Драган Ѓилас, дека сите во Давос го гледаат бидејќи, како што тврди, ги „украл изборите“ во Србија, како и изјавата на потпретседателот на таа партија, Борко Стефановиќ, дека климата во Европа се менува и дека станува „прогонет“, Вучиќ изјави дека сите добро знаат дека никој не ги украл изборите и праша дали е можно некој толку многу да си ја мрази државата и работи против неа цело време, објави Телеграф.
„Тие многу добро знаат дека никој не ги украл изборите. Што би направиле со 40.000 донесени од Република Српска? Што ѝ направивте на вашата земја?Како некој толку ја мрази својата држава?Дека цело време работи само против својата држава?Тоа што го направија ќе влезе во аналите на историјата.Не заборавајте тоа се луѓе кои се обидоа да ја злоупотребат најстрашната трагедија што ја погоди Србија, двојниот масакр“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк.
Тој додаде дека и тоа не ѝ било доволно на опозицијата и дека потоа решиле да фрлаат „дрва и камења“ по нивната земја и да се обидат да ја претстават во најлошото можно светло, сѐ затоа што не можеле да дојдат на власт.
“Зошто? Затоа што не можевте да дојдете на власт. Затоа што народот не ве сакаше. Затоа треба да го казните народот. Не ме казнувајте мене. Подобро да го казните народот. Но нема да успеете ,” рече Вучиќ.
Извор: kanal5.com.mk