Брзата храна станува луксуз, ново поскапување на хамбургерите

January 18, 2024
1 min read

Граѓаните се револтирани и од цените на гастрономските услуги кои повторно поскапеа од 1 јануари. Ѓеврекот кои некогаш се продаваше по 10 денари,сега достигна кој 25 денари, четвртина бурек се продава од 60 до 90 денари, а хамбургерите поскапеа од 150 на 200 денари. Индивидуалните трговци си ги зголемија цените за поголем профит, иако цените на суровините и другите трошоци се стабилизирани.

Од Државниот пазарен инспекторат велат дека најголем дел од бурекџилниците и киосците со брза храна се регистрирани како занаетчии и според соодветниот закон тие немаат моќ да ги контролираат цените на пазарот. Портпаролката на Пазарниот инспекторат рече дека во моментов не постои закон со кој би ги регулирале нарушувањата на цените. Тие лани направиле над 28.000 проверки, и биле изречени над 200 казни во износ од 55 милиони денари, односно близу 900.000 евра.
Милена Цветановска рече дека најголем дел од казните се изречени од инспекторските проверки во мрежите на супермаркетите, но и на малопродажните дуќани.

Во моментов државата контролира само одредени прехранбени производи по гарантирани цени, ограничувајќи ја продажната маржа, мерка која истекува на 31 јануари. Низ Собранието се влече законска рамка која треба да доведе до продолжување на мерката во февруари. И додека предлогот на Законот за спречување на нелојалната трговија се уште е во собраниска процедура, трговците ја користат можноста да ги зголемат цените .Новиот закон се очекува да ја ограничи профитната маржа од 10% за продажбата на мало за широк спектар на прехранбени производи, кои во моментов се покриени со мерката за гарантирана цена./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Матура, разни испити во средните училишта

Следно

Високи европски функционери бараат од лидерите на ЕУ да ги истражат изборите во Србија

Latest from Blog

Сите загинати при излизгувањето на товарен авион од пистата во Мајами, биле во паркираните автомобили (ВИДЕО)

Истражителите потврдија дека сите жртви биле во две возила на земја. Боингот 767-300, управуван од „21 Ер“, се лизна од пистата во неделата. Удри во комбе за чистење во кое се наоѓаа

ВЛЕН: Компаниите се шират, се отвораат нови можности за вработување

Северна Македонија се движи кон создавање поповолна инвестициска клима, со поголеми можности за меѓународна соработка, развој на бизнисите и отворање нови работни места, оценува политичката партија ВЛЕН. Од партијата посочуваат дека економскиот

Божиновска за „Energy Game“: Македонија ќе добие пристап до американски ЛНГ и гас од Азербејџан

Вертикалниот коридор првично започна со Грција, Бугарија и Романија, а сега се оформува и оската Грција – Северна Македонија – Србија, што создава повеќе можности за пристап, меѓу другото, и до американскиот

Николоски: На денот на независноста, по 56 години охридскиот аеродром доби нов лик

Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ доби нов и модерен лик, со што станува еден од симболите на охридскиот регион, порача вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, по повод Денот

ВЛЕН: 35 години независност – време е за посилни институции и европска иднина

Денес ја одбележуваме 35-годишнината од независноста на Република Северна Македонија, историски датум кој ја претставува волјата на граѓаните да живеат во слободна, демократска и суверена држава. Овој ден им припаѓа на сите
Go toTop