Тимот на „Ax-3“, меѓу кои и турскиот астронаут Гезеравџи, тргнаа кон вселенското летало на Спејс икс

January 18, 2024
1 min read

ФЛОРИДА (АА) – Тимот на „Ax-3“, меѓу кои и првиот турски астронаут Алпер Гезеравџи, тргнаа кон вселенското летало на Спејс икс, со кое ќе заминат кон Меѓународната вселенска станица во 00:49 часот по турско време, јавува Анадолу.

Додека продолжува возбудливото чекање за првата турска вселенска мисија, започна одбројувањето за летот на мисијата „Ax-3“ во вселенскиот центар на НАСА, Кенеди, во Флорида.

Членовите на мисијата „Ax-3“, меѓу кои и Гезеравџи, кој е првиот турски астронаут, се збогуваа од своите семејства пред летот.

Екипажот на „Ax-3“, кој пристигна на местото со хеликоптер, најпрвин оддалеку ги поздрави семејствата, а Гезеравџи ги крена тупаниците во воздух и со двете раце го поздрави семејството.

Астронаутите направија фотографија за спомен со нивните семејства зад нив за да го одбележат денот.

Се очекува екипажот на „Ax-3“ наскоро да се качи на вселенското летало „Драгон“ на Спејс икс, кое ќе ги пренесе до Меѓународната вселенска станица и ќе ги направи последните подготовки. Леталото ќе биде лансирано кон Меѓународната вселенска станица со ракетата „Фалкон 9“.

„Се чини дека сите системи се во добра состојба за денешното лансирање на Ax-3“, се наведува во соопштението на Спејс икс објавено во утринските часови на социјалната платформа X.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку девет лица загинаа во воздушен напад во јужна Сирија

Следно

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Богојавление-Водици

Latest from Blog

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните

Демонстранти од заседа нападнаа министер- гореа возила и царинарница во Боливија (ВИДЕО)

Неговото возило беше пресретнато во градот Копата, но министерот подоцна беше пронајден и е безбеден, пишува Би-Би-Си. Замора предводеше операција за отстранување на блокадите поставени од антивладините демонстранти за да го отежнат

Вашингтон го менува фокусот, нов пристап кон западен Балкан – заврши периодот на „градење држави“

Соединетите Американски Држави ја напуштаат политиката на градење држави и интервенционизам во Западен Балкан и се свртуваат кон соработка, се наведува во извештајот на Стејт департментот до Конгресот за односите со Западен
Go toTop