Нафтени фирми со фиктивни фактури се обиделе да ја ограбат државата

January 15, 2024
2 mins read

Нафтени компании преку лажни фактури сакале да ја оштетат државата за речиси три милиони евра преку наплата на поврат на Данок на додадена вредност (ДДВ) и на Данок на личен доход. Ако им успеал планот, од државата ќе наплателе 2,6 милиони евра од ДДВ и околу 309 илјади евра од данок на личен доход.

Од Управата за јавни приходи (УЈП) на 15 јануари на брифинг со новинари презентираа детали за тоа како компаниите сакале да испумпаат пари од државната каса.

Од УЈП велат дека спровеле контроли кај три фирми трговци со нафта на големо и мало и кај пет фирми добавувачи на нафта и спречиле преку фиктивни документи тие да си наплатат поврат на данок.

Шема на УЈП на нафтени компании кои сакале да ја оштетат државата.

Шема на УЈП на нафтени компании кои сакале да ја оштетат државата.

Откриле дека фирмите трговци со нафта немаат бензински пумпи, немаат складишта за нафтата и дериватите, немаат залихи како што било наведено на документите и немаат лиценци за вршење на дејноста трговија со нафта. Една од фирмите немала вработени и не исплаќала плати. Првата фирма ги избришала документите од сметководство. Фирмите прикажале дека купуваат нафта од добавувачите за што имале десетици фактури на милионски суми.

Контролите на фирмите добавувачи, пак, покажале дека, меѓу дел од нив и дел од фирмите трговци со нафта нема воспоставено деловно-должнички доверителски односи. Не се издадени испратници и фактури за наводно продадените нафта и нафтени деривати, а дел од добавувачите прокнижиле фактури за три пати пониски од влезните фактури.

Сомнителните фирми се држат во тајност

Кога инспекторите, пак, отишле кај фирмите добавувачи да ги известат дека нивните логоа и називи на фирми се користат за фиктивни фактури, од фирмите само им се насмевнале на инспекторите, рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Запрашана дали станува збор за познати нафтени компании со распространета мрежа бензински пумпи, Лукаревска, одговори со „не“, и само лоцираше дека станува збор за компании од кумановско-липковскиот регион.

Заедничко на сите три фирми трговци со нафта е што промениле седиштето на фирмите, а имало промена и во сопственичката структура.
Заедничко за првата и за третата фирма трговец со нафта е што имаат ист првичен сопственик и управител, човек од Северна Македонија. Потоа се сменило сопствеништвото, па сопственик на првата фирма станува лице од Хрватска, а на третата лице од Косово. Овие две фирми имаат и иста фирма која им го водела сметководството. Таа фирма е задолжена и за сметководството на една од петте фирми добавувачи на нафта. Првиот сопственик си го сменил и презимето, од, како што навел, семејни причини. И втората фирма трговец сменила сопствеништво и завршила во раце на човек од Косово.

„Во сите случаи е утврдена меѓусебна поврзаност од различни апекти што упатува на сомневање дека се работи за однапред осмислена и добро разработена шема на делување при што со издавање и примање на фиктивни фактури направен е обид за изигрување на законот и стекнување на противправна имотна корист“, велат од УЈП.

Доказите што ги собрале инспекторите на УЈП потоа ги испратиле до Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство и Финансиската полиција.

Инспекторите од УЈП спровеле контроли за ДДВ, за личен доход, за попис, за деловни односи, а во моментов се вршат уште две контроли.

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот е оштетен

Еден ден пред Лукаревска да одржи брифинг со новинарите, пратеникот од опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски обвини дека „милиони се испумпувале од фиктивни фактури, а раководството на УЈП или знаело и прикривало или целосно го уништило системот“.
„Буџетот е оштетен, а државата тешко без кривично гонење ќе може да ги поврати исплатените милиони, бидејќи компаниите преку кои се штанцани фиктивните фактури и се испупмани пари немаат имот за од истиот да се наплати долгот“, рече Стојаноски.

Тој вели дека за „познавачите на даночната политика е сосема јасно дека ваков систем не можел да функционира со или без УЈП“.

Лукаревска вели дека немаат информации дека во случајот е вмешан некој вработен од УЈП.

Денеска од ВМРО-ДПМНЕ побараа УЈП да ги каже имињата на фирмите, кои според партијата, се блиски до владејачките партии – СДСМ и ДУИ.

Од УЈП велат дека не може да ги кажат имињата на фирмите затоа што станува збор за даночна тајна.

За слична ваква акција со далавери со фиктивни фактури Обвинителството информираше на крајот на октомври минатата година. Акцијата под кодно име Синџир се донесуваше на 26 бизнисмени кои го оштетиле Буџетот за осум милиони евра.

Извор: Радио Слободна Европа

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Струга ги игнорира сите повици за уривање на дивоградбите

Следно

Бројот на заболени од голема кашлица во Србија не се намалува

Latest from Blog

Наунова носител, Тоневски кандидат за градоначалник – ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе листата во Пробиштип

Во рамки на подготовките за локалните избори 2025, ВМРО – ДПМНЕ официјално ја поднесе својата советничка листа во Пробиштип. Листата ќе ја предводи професорката Александра Наунова, а кандидат за градоначалник е Тони

Димитриеска – Кочоска: Европската банка за обнова и развој ја движи модернизацијата на земјата

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) останува најактивен меѓународен партнер на Северна Македонија во реализацијата на стратешки проекти од значење за граѓаните и економијата, истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска –

Коњановски: „Секој тон од ‘Македонијо, во срце те носиме!’ е порака за љубов кон Македонија“

Со концерт исполнет со патриотски емоции и силни изведби, во Битола продолжи концертниот караван „Македонијо, во срце те носиме!“. Настанот привлече голем број граѓани кои заедно со изведувачите ја славеа љубовта кон

Трамп: Зеленски и Путин се мразат толку многу што не можат да дишат, ќе морам јас да ги зближам

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата ја повтори својата подготвеност да воведе нови санкции врз Русија, но постави јасен услов – посилен одговор од европските земји и сојузниците од НАТО. Во разговор

Абецедарот од 1925 година – доказ за постоењето на македонското малцинство во Грција

Во 2025 година се навршуваат точно 100 години од печатењето на македонскиот буквар – Абецедарот, издаден во Атина во мај 1925 година под покровителство на Друштвото на народите. Иако никогаш не бил
Go toTop