Хезболах и Израел разменија оган преку либанската граница

January 15, 2024
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Либанската група Хезболах денес размени прекуграничен оган со израелските сили како најнов знак на ескалација долж границата меѓу Либан и Израел, јавува Анадолу.

Хезболах соопшти дека цел на проектилите биле група израелски војници во касарната Метула, што резултирало со директни напади.

„Израелските борбени авиони извршија воздушни напади врз либанските градови во близина на границата, вклучително и Адаисе, Алма ал Шааб и Џебајн“, објави либанската државна новинска агенција.

Цел на артилериското гранатирање беше и ридот Ел-Хамамес и рамнината Марџајун во јужен Либан.

Сѐ уште нема извештаи за жртви.

Тензиите долж границата помеѓу Либан и Израел ескалираа откако израелската Армија започна смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври. Прекуграничниот оган меѓу Хезболах и израелските сили се најсмртоносните судири по војната помеѓу двете страни во 2006 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од денеска до четврток периодично затворена за сообраќај делницата Велес – Градско

Следно

Петте најбогати луѓе во светот го удвоиле своето богатство

Latest from Blog

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад

ФИЈАСКО НА ПРОТЕСТОТ НА ДУИ – Наместо илјадници, во Тетово се собраа околу 200 до 300 лица

Партијата протестира против одлуката поврзана со промената на имињата на улиците, собирот помина мирно и без инциденти. Во Тетово денеска се одржа протестен марш во организација на ДУИ, поради одлуката поврзана со

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите
Go toTop