Во израелските напади врз Појасот Газа во текот на ноќта загинаа 33 Палестинци

January 15, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 33 Палестинци загинаа, а голем број се повредени во израелските воздушни и копнени напади врз различни делови на Појасот Газа во текот на ноќта, пренесува Анадолу.

Според државната палестинска агенција ВАФА, здравствени извори потврдија дека 33 лица, меѓу кои деца и жени, загинале, а десетици се повредени во бомбардирањето на десетици куќи во Газа во раните утрински часови.

Израелските сили со интензивен артилериски оган нападнаа и различни подрачја на Кан Јунис на југот на Појасот Газа и бегалските кампови Бурајџ и Ал-Магази во централниот дел.

Поради тековните израелски напади, комуникациските и интернет-услугите во Појасот Газа целосно се прекинати веќе четири дена.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз палестинската енклава, опустошувајќи голем дел од тесната крајбрежна територија како одмазда за прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Оттогаш во израелските напади се загинати најмалку 23.968 Палестинци, меѓу кои 10.300 деца и 7.100 жени.

Според Обединетите нации (ОН), поради смртоносните напади 85 отсто од населението во Газа е интерно раселено поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почнува Светскиот економски форум

Следно

(ВИДЕО) Драматично на Исланд – Лавата влезе во Гриндавик и голта се пред себе

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop