Инспекции за издржливост на зградите

January 14, 2024
1 min read

Земјотресите што се случија во регионот изминативе години, ја алармираа Општина Тетово, каде за прв пат е донесена одлука за формирање комисија, која ќе врши инспекциски надзор на јавните, објектите за колективно домување и културно историските споменици, да се провери нивната сеизмичка издржливост.

„Доколку се констатира дека има оштетувања на конструкциите и нема добра сеизмичка стабилност, тогаш ќе се направат доплнителни лабораториски испитувањања и врз основа на резултатите ќе се излезе со предлог решение за сопствениците или инвеститорите, што да направат понатаму. Во второто полугодие ќе врпиме проверка на индивидуалните објекти “, рече Рилинд Селмани, раководител на Секторот за урбанизам, Општина Тетово.

Професорот Енис Јакупи вели дека вакви инспекции треба да се направат на целата територија на државата. Притоа, приоритет да им се даде на индивидуалните објекти изградени без дозвола до 2011 година.

„РСМ е дел од сеизмички активен регион, па затоа е неопходно да се зголеми нивото на безбедност. Особено треба да се внимава со објектите кои беа легализирани со Законот за легализација, бидејќи тие објекти се легализирани само со геодетска студија. Исто така неопходно е да се проверат и колективни објекти кои имаат надградби“, додаде Енис Јакупи, доктор на технички науки – сеизмичко инженерство.

Со формирањето на комисијата за истражување на сеизмичноста на објектите, процесот се очекува да трае 12 месеци. Во пвите 6 месеци ќе се проверуваат објектите за колективно домуваење и културно историските објекти, а потоа ќе се проверат над 5.000 индивидуални објекти, легализирани со Законот за легализација./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Разговор со портпаролот на МВР Тони Ангеловски

Следно

Килде опериран, помина без фрактури- објави ФОТО од болница

Latest from Blog

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните
Go toTop