Против кичевчанецот кој си го уби детето МВР имало над 50 пријави

January 12, 2024
1 min read

На 30 годишниот кичевчанец Ф.Д. одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. Поднесена му е и кривична пријава за „убиство“. Осомничениот ѝ бил добро познат деликвент на полицијата. Против него во минатото биле поднесени над 50 пријави, а бил осудуван и на затвор. Неговото проблематично однесување се чини кулминирало на 18 декември лани кога си ја претепал двегодишната ќерка. Потоа околу 20 дена безуспешно таа била на лекување скопските клиники каде на 8 месецов починала.

„Во периодот од 2011 до 2023 година, ОВР Кичево има поднесено околу 50 кривични пријави за сторени кривични дела кражба и тешка кражба. Во 2013 година со судски пресуди, Ф.Д. во два случаи бил осуден на затворска казна во траење од 6 месеци и една затворска казна во траење од 3 месеци…“, рече Стефан Димовски-портпарол на СВР Охрид.

Обвинителството пак, ни денеска не откри дали евентуално за некое дело ќе ја гони и мајката на убиеното дете. Имено, таа тврдела дека повредите кај ќерката настанале откако ја турнале други деца при играње. Дека има некаки проблеми во ова семејство знаеле и во Центарот за социјални работи.

„Семејно насилство не е пријавувано. Но, на 21.07.2023 година Центарот за социјални работи е известен од страна на полициската станица Кичево дека е настанато недоразбирање и расправија меѓу Ф.Д. и неговата сопруга на ден 26.06.2022 по која расправија таа го напуштила домот и заминала во Прилеп заедно со децата. Потоа Центарот изврши увид и констатирал дека таа е вратена дома со децата и изјавила оти ги надминале проблемите и продолжиле заедно да живеат“, наведуваат од Центарот за социјални работи-Кичево.

Од тогаш Центарот за социјални работи не добил друга пријава. Инаку, семејството било корисник на социјална помош. Освен сега веќе починатото девојче, имаат уште 6 други деца.

Мики Трајковски

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И УТРЕ СЕ КРШИ ЛЕПЧЕ ИЛИ ПИТА СО ПАРИЧКА: Што велат обичаите за Стара нова година?

Следно

Инфлацијата во Грција зголемена на 3,5 отсто во декември

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop