Кои се јеменските Хути и зошто се нападнати?

January 12, 2024
2 mins read

Соединетите Држави и Велика Британија започнаа напади од воздух и море врз воени цели на Хутите во Јемен како одговор на нападите на движењето врз бродови во Црвеното Море, што е драматично регионално проширување на војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Додека сведоците во Јемен за Ројтерс ги потврдија експлозиите низ целата земја, претседателот Џо Бајден предупреди, во изјавата доцна во четвртокот, дека нема да се двоуми да преземе дополнителни дејствија доколку е потребно.

Сојузнички сили, предводени од САД започнаа воздушни напади врз воени цели во Јемен

Сојузнички сили, предводени од САД започнаа воздушни напади врз воени цели во Јемен

Еве неколку детали за групата подржана од Иран.

ИСТОРИЈА

Во доцните 1990-ти, семејството Хути во далечниот северен Јемен формираше религиозно движење за заживување на сектата Зејди на шиитскиот ислам, која некогаш владееше со Јемен, но чиј северен дел стана осиромашен и маргинализиран.

Како што растеше судирот со владата, тие водеа серија герилски војни со националната армија и краток граничен конфликт со сунитската Саудиска Арабија.

ВОЈНА ВО ЈЕМЕН

Војната започна кон крајот на 2014 година кога Сана беше заземена од Хутите. Загрижена од зголеменото влијание на шиитскиот Иран долж нејзината граница, Саудиска Арабија интервенираше на чело на коалицијата поддржана од Запад во март 2015 година во поддршка на владата поддржана од Саудијците.

Хутите воспоставија контрола над поголемиот дел од северот и другите големи населени центри, додека меѓународно признатата влада се базираше во Аден.

Јемен уживаше повеќе од една година во релативен мир, во услови на мировен притисок, предводен од Обединетите Нации. Саудиска Арабија води разговори со Хутите во обид да излезе од војната.

Но, нападите на Хутите врз Израел ги зголемија ризиците од конфликт за Саудиска Арабија.

ХУТИСКИ НАПАДИ ВРЗ ИЗРАЕЛ

Хутите велат дека нивните напади врз бродските рути во Црвено Море се знак на поддршка за Палестинците и Хамас, исламистичката група која ја контролира Газа, во нејзината војна против Израел.

Нападите на Хутите ја нарушија меѓународната трговија, принудувајќи ги меѓународните бродови да одат по долгиот пат околу Јужна Африка за да не бидат нападнати. Зголемувањето на трошоците за испорака ги поттикнува стравувањата дека тоа може да предизвика нов пораст на глобалната инфлација.

САД соопштија дека Австралија, Бахреин, Канада и Холандија ја поддржуваат операцијата против Хутите и ги оправдуваат воздушните напади како дел од меѓународниот напор за обновување на слободниот проток на трговија на клучната рута меѓу Европа и Азија, што претставува околу 15% од светскиот транспортен сообраќај.

КОЈА Е ЦЕЛТА НА НАПАДИТЕ НА ХУТИИТЕ?

Хутите се еден дел од она што беше наречено „Оската на отпорот“ – анти-израелско и антизападно сојузништво на регионални милиции (Хамас, Хезболах и Хути) поддржани од Иран.

Слоганот на Хутите е „Смрт за Америка, смрт за Израел, проклетство на Евреите и победа на исламот“.

ВРСКИ СО ИРАН

Хутите изградија врски со Иран, но не е јасно колку длабоки се тие односи. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија го обвинува Иран за вооружување и обука на Хутите, обвинение кое и двете страни го негираат. Коалицијата, исто така, вели дека либански Хезболах, поддржан од Иран, им помага на Хутите.

Додека Иран ги брани Хутите како дел од својата регионална „оска на отпор“, јеменските експерти велат дека тие се мотивирани првенствено од домашната агенда, иако споделуваат политички афинитети за Иран и Хезболах. Хутите негираат дека се марионети на Иран и велат дека се борат против корумпиран систем.

Извор: slobodnaevropa.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Електронска аукција за избор на нов универзален снабдувач со електрична енергија

Следно

О’Брајан: Западен Балкан може да биде стабилен и безбеден само преку економска и европска интеграција

Latest from Blog

Митески прогласи голема победа во Аеродром

Дејан Митески прогласи голема победа во Аеродром, со 18.000 гласа. -Благодарам за можноста што ми ја дадовте! Ова за мене е голема одговорност и ве уверувам дека ќе ја оправдам вашата доверба!

Тони Тоневски победи во Пробиштип

НЕОФИЦИЈАЛНО: Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски, ја освои победата во Пробиштип со 4.156 гласа, додека неговиот противкандидат од СДСМ, Драган Анастасов, доби 4.131 глас. Се очекува официјална потврда од изборната комисија.

Џастин Балдони ја повлече тужбата од 400 милиони долари против Блејк Лајвли

Актерот и режисер Џастин Балдони ја отфрли својата контратужба за клевета од 400 милиони долари против колешката Блејк Лајвли откако го пропушти клучниот рок за повторно поднесување. Судска одлука Како што објавува

„Шејн“ доби пријава од француската агенција поради продажба на сексуални кукли со изглед на дете

Како одговор, Шејн објави дека спорните кукли оттогаш се отстранети од нејзината платформа, објави France 24. Во соопштението, DGCCRF рече дека „описот и категоризацијата на производите на веб-страницата на Shein потврдуваат без
Go toTop