Антикорупциска ќе бара Уставниот суд да го преиспита балансерот при вработување

January 11, 2024
1 min read

Треба да се провери дали балансерот, како алатка при вработувањата треба да се укине или да се најде можност да се спречи злоупотребата, затоа што етничката припадност е основен податок при вработување. Дали балансерот ја исполнува целта и дали по негова примена по 20 години веќе е надминат и треба да се укине. Токму затоа, како што соопштуваат од Државната комисија за спречување на корупцијата, ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд да ги преиспита законите во кои е содржана алатката балансер.

Во однос на балансерот, според ДКСК, иако имало позитивен резултат во етнички вработувања, во изминатите години станал евидентен порастот на бројот на вработени без реални потреби и без просторни услови во институциите, а практиката покажала дека кандидатите за да се вработат ја наведуваат етничката припадност што се бара во конкурсот.

„Ваквата примена на оваа алатка, каде што етничката припадност е основен податок за распределба на работно место, се коси со мерит-системот, ја нема вредноста за која била наменета и се злоупотребува доведувајќи до ризици од трговија со влијанија, коруптивно однесување и создавање политички клиенти на партиите“, велат од ДКСК.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ХАОТИЧЕН ПЕРИОД И ОГРОМНИ ПРОМЕНИ ЗА ОВИЕ ЧЕТИРИ ЗНАЦИ: Вечерва е првата млада месечина, им се враќаат старите проблеми – но со добра причина

Следно

Во Косово за антибиотици не треба рецепт, доволни се само пари

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop