Кузмановски со порака: Лавовски ќе се бориме за нашата држава, за фановите..

January 9, 2024
1 min read

Останува еден ден до стартот на ЕП 2024 година кое ќе се одржи во Германија. Македонија ќе го игра седмото по ред континентално натпреварување, вкупно осмо во својата историја или нашите ракометари веќе 13 години по ред се на големите натпреварувања.

Ждрепката не беше среќна за младата Македонија, на стартот ќе игра против Франција, па со Германија и групната фаза ја завтвара против Швајцарија.

СпортСпорт на ден пред стартот разговараше со Филип Кузмановски, еден од неколкумината искусни ракометари во нашиот состав.

Со нетрпение го очекуваме ова првенство. Работевме напорно во изминатиот период. Дојдовме да се натпреваруваме, со насмевки на лицето и со лавовско срце, како што доликува на сите Македонци. Имаме одлична атмосфера, што посебно ме радува. Сите сме како едно, тоа е единствениот клуч за да бидеме уште уште подобри, изјави Филип Кузмановски.

Сите очи се вперени кон Дизелдорф и кон историскиот ден (10. јануари) кога на стадионот „Меркур Шпил Арена“ ќе биде историја, а од истата дел ќе биде и Македонија. Нашите ракометари ќе играат против Франција.

Со нетрпение го очекуваме мечот на стадионот, ќе биде навистина посебно. Никогаш немам играно пред толку многу публика. Играме против Франција, според мене фаворит за златниот медал на првенството. Не треба многу да се зборува за оваа земја и за играчите кои играат. Но, ние сме Македонци, имаме победнички менталитет, ќе се бориме за нашите навивачи, за нашата држава, за нашите семејства.

Популарниот Фитиљ заедно со уште неколку ракометари имаат задача да ги повлечат помладите ракометари

Се обидувам да им го пренесам она што мене ме советуваа искусните играчи кога првпат заиграв за репрезентацијата. И јас го одев нивниот пат, нормално е да имаат трема. За некои од ракометарите ова првенство е прво, ќе играат против нивните идоли. Истото се однесува и за мене, ќе играм против моите идоли, што пак е дополнителна мотивација да се борам на теренот, да се натпреварувам.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од 132 казнети возачи во Скопје само 35 не возеле пребрзо

Следно

ЌЕ ВИ СЕ ЗАВРТИ ВО УМОТ ОД ЦЕНАТА – еве колку пари ќе платат организаторите за Цеца и Теа Таировиќ за „Светскиот Ромскиот бал“ во Скопје

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ
Go toTop