МААЕ: Експлозии во близина на нуклеарната централа Запорожје

January 27, 2023
1 min read

Агенцијата забележала силни експлозии во близина на најголемата нуклеарна централа во светот и уште еднаш повика на таканаречена изградба на безбедна зона околу електраната

Во украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под руска окупација, вчера одекнаа силни експлозии, соопшти агенцијата за нуклеарна енергија на ОН МААЕ. Рафаел Гроси, претседателот на МААЕ, кој минатата недела ја посети Украина, изјави дека вчера Агенцијата забележала силни експлозии во близина на најголемата нуклеарна централа во светот и уште еднаш повика на таканаречена изградба на безбедна зона околу електраната.

Вчера руските сили извршија масовен ракетен напад врз Украина, при што беа истрелани повеќе од 50 проектили кон цели низ земјата. Украинската војска објави дека соборила повеќе од 40 руски проектили, додавајќи дека Русите во нападот користеле хиперсонични ракети од типот „кинжал“. Рускиот напад дојде еден ден откако САД и Германија најавија испорака на напредни тенкови „леопард 2“ и „абрамс“ во Украина.

Русија претходно реагираше на успесите на Украина, како на бојното поле, така и во дипломатијата, со масовни ракетни напади кои оставија милиони Украинци без струја, греење и вода. Вчерашниот напад, според сите проценки, беше еден од тие. Украинскиот премиер Денис Шмихал потврди дека Русија намерно ги гаѓа електраните.

„Денеска одржав итен состанок за енергетската ситуација, за недостигот на електрична енергија што го имаме и за поправките што се потребни по терористичките напади. Тимови од инженери веќе работат на локациите што беа нападнати“,

објави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Кремљ соопшти дека ветената испорака на западни тенкови во Украина ја гледа како доказ за растечкото „директно вклучување“ на САД и Европа во војната, која се приближува на првата годишнина. И САД и ЕУ негираат директна вмешаност во војната.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Милан се откажа од Заниоло

Следно

Палестинските милитанти истрелаа две ракети врз Израел

Latest from Blog

Еквадор со победа над Германија до нокаут-фаза, „слоновите“ го преслушаа Курасао (ВИДЕО)

Фудбалерите на Еквадор приредија вистинско изненадување победувајќија Германија со 2:1 во последното коло во групата Е и со тоа во фотофиниш обезбедувајќи си место меѓу репрезентациите кои ќе продолжат во следната фаза

Драконски казни во САД: Осуммина се осудени на 450 години затвор за обид за убиство полицаец на протести

Поранешен резервист од американскиот морнарички корпус осуден е за обид за убиство на полицаец на 100 години затвор. Другите ќе отслужуваат казни од 30 до 70 години, според Министерството за правда. Минатата година,

Македонија губи население, а инвестициите што можат да донесат работа се соочуваат со отпор

Македонија се соочува со сериозни демографски предизвици, а иселувањето на младите продолжува да го менува ликот на државата. Националната развојна стратегија 2024-2044 предупредува дека раселувањето, стареењето на населението и концентрацијата на жители

Клоп за паузата хидратација: Добро за играчите, за тренерите ама и за нас возрасните да одиме во тоалет!

ФОТО: Јurgen Klopp/X Легендарниот Јирген Клоп и тоа како го следи Мундијалот, ако се знае дека е аналитичар во германска телевизиска станица за време на Светското првенство и внимателно следи сè што

Британска инфлуенсерка до смрт избодела маж во Дубаи- се соочува со смртна казна со стрелање

Џорџ, од Кент, Велика Британија, убила Британец кого го запознала преку Фејсбук. Активистичката група „Притворени во Дубаи“ тврди дека Џорџ го избодела мажот во самоодбрана, но предупредува дека доколку биде прогласена за
Go toTop